Според одлуката на Владата за 2 Август, во Крушево говор ќе одржи претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, информираат од неговиот кабинет и додаваат дека е ова дел од вообичаениот распоред за присуството на Илинден на претседателот на државата, претседателот на Собранието и на премиерот.
За 1 и 2 август најавена е и возвратната посета на бугарскиот премиер Бојко Борисов кој се очекува во Македонија да допатува и со министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.
Засега сѐ уште не е утврдено точно каде и кога би се потпишал најавениот договор за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.
Она што е сигурно, е дека Заев за само два месеци успеа, или се обидува да прегази преку последниот атом на достоинство на Македонскиот народ.