ГАК синоќа остана без струја, агрегатот не се вклучил, загрозени животите на бебињата во инкубатори?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје синоќа остана без струја. Причина бил големиот дефект на трафостаницата во Козле кој голем дел од центарот на Скопје го остави без струја. Но, во вакви ситуации за многу краток период во овие здравствени институции се вклучува агрегат. Тоа не било случај синоќа на Клиниката за гинкологија и акушерство, дознава Алфа од извори на клиниката.

Според истите извори, во моментот се случувале и оперативни зафати.

– Она што е недозволиво е да не се вклучи агрегатот. Сето време додека во околина немаше струја во станбените згради, куќи ист беше случајот и на Клиниката. Тоа е несфатливо, некој мора да одговара, вели изворот за телевизија Алфа.

Но, не станувало збор само за операции кои биле во тек, туку и на бебиња во инкубатор.

-Сето тоа време беа загрозени животите на бебињата во инкубатор и оние кои се респиратор, додава изворот.

Големиот дефект на трафостаницата Козле го остави без струја центарот на Скопје. Струја немаше од Водно до Илинденска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This