April 19, 2024, 12:13 pm

Научниците се воодушевени:Галаксија која што набрзо ке згасне

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Астрономи и научници од Европската јужна опсерваторија открија оддалечена галаксија во вселената која почнува да изумира, а што може да биде значајно откритие во разбирањето на вселената и самиот живот на галаксиите.

Како што наведуваат од Европската јужна опсерваторија, галаксиите умираат кога ќе престанат да формираат ѕвезди. Откриената галаксија со неверојатна брзина ја губи својата сила и „горивото“ со чија помош произведува ѕвезди.

Научниците сметаат дека гасењето на галаксијата е предизвикано од судир со друга. Новата галаксија која се формира по судирот е позната како ID2299.

„Ова е првпат во далечната вселена да забележиме типична масивна галаксија која создава ѕвезди и која ќе умре поради масовно исфрлање гасови“, вели Анаграција Пуглиси, водечки автор на новата студија на Универзитетот Дурам, Велика Британија.

Исфрлањето гасови се случува со голема брзина, а со оглед на тоа дека галаксијата многу брзо создава ѕвезди, стотина пати побрзо од нашиот Млечен Пат, преостанатиот гас брзо ќе се потроши.

„Бев одушевена со откритието на така исклучителна галаксија. Исто така, бев уверена дека постојат одредени процеси кои можат да нè научат како функционираат оддалечените галаксии и како всушност се одвива нивната еволуција“, вели Пуглиси.

Галаксијата е оддалечена 9 милијарди светлосни години, а астрономите го забележале настанот кој се случил во млада фаза на вселената, кога бил стар само 4,5 милијарди години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This