(Галерија)ЕКС-ПРЕМИЕРОТ ДОКТОРИРАШЕ: Груевски на тема „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешнот премиер Никола Груевски, денеска докторираше на економскиот факултет во Скопје, при универзитетот Св. Кирил и Методиј, со одбрана на својата докторската дисертација на тема: ,,Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија,,.

Ментор на Груевски му беше Проф. Д-р Михаил Петковски, а во советот за одбраната беа и Проф. Д-р Методија Несторовски, кој беше и претседавач на одбраната на докторатот, Проф.Д-р Владимир Филиповски, Проф.Д-р Љубе Трпески и Проф.Д-р Живко Атанасовски. Докторатот Груевски го запиша во 2011та година.

Претходно, Никола Груевски Магистрираше во декември 2006та година на тема: ,,Странските инвестиции, економскиот раст и вработувањето,, на истиот факултет, одкако магистерскиот труд го предаде во јуни истата година.

Додипломски студии заврши во 1994 година на економскиот фаултет во Прилеп при универзитетот Св. Климент Охридски во Битола.

Груевски во минатите 20 тина години обавуваше високи државни функции, како Претседател на Владата на Република Македонија, Министер за финасии, Министер за трговија, Претседател на Комисијата за хартии од вредност, пратеник во парламентот, а извесен период беше и советник на Министерот за финасии на Србија, преку проект на УСАИД за зајакнување на капацитетите на министерството за финансии на Република Србија. Во моментот Груевски е актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Груевски 14 и пол години беше престедател на ВМРО-ДПМНЕ, а по повлекувањето на последниот конгрес беше прогласен за почесен Претседател на партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This