(Галерија)ПРОТЕСТИТЕ СЕ ОМАСОВУВААТ: Голема група на граѓани на протести против законот за двојазичност!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во организација на Светскиот Македонски Конгрес, Македонски манифест, Граѓанската иницијатива со отец Ивица Тодоров, Здружението Преродба, Сојузот на Македонците со исламска религија, Семакедонски национален совет “Македониум“ и Здружението Тврдокорни, и денес пред Собранието на Република Македонија се одржа мирен протест против предлог-Законот за употреба на јазиците. 

На учесниците на мирните протести денес им се приклучија и членовите н а маекдонските патриотски здруженија.

Организаторите ги повторија барањата дека мирните протести не се против малцинските етнички заедници во Македонија, туку упатени кон Владата да го повлече предлог Законот за употреба на јазиците од Собранието, бидејќи е неуставен, не е европски, ги руши унитарноста и територијалниот интегритет на државата, ја редефинира државноста, ги дискриминира помалите етнички заедници, ја дестабилизира земјата, и врши мајоризација на малцинството врз мнозинството, и секако не смее да се злоупотребува за престојните локални избори! – истакнаа во своите барања органзиаторите на протестот.

Доколку Собранието го донесе, организаторите повторно најавија дека ќе поднесат барање до претседателот на Републиката да не го потпише указот за прогласување на Законот, а ако Законот сепак биде донесен и се објави во “Службен весник на Република македонија“, организаторите ќе го оспорат пред Уставниот суд на Македонија!

Организаторите на протестот најавија дека ја разгледуваат иницијативата за собирање на 150.000 потписи за распишување референдум на државно ниво на целата територија на Републиката против Законот за употреба на јазиците, Договорот со Бугарија и непроменливост на името на државата со референдум, со промена на Уставот и со ратификација на меѓународен договор!

Учесниците на протестот носеа транспаренти на македонски и англиски јазик со слоганите: “Предавството не е демократија!“ “Законот за јазиците е антинуставен!“ “ Законот за јазиците не е европски закон!“ “Една држава – еден јазик, и дома и во светот!“ “ НЕ, на јазичната федерализација!“ “Македонскиот јазик за сите и дома и во светот!“ “Што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Албанија!“ “Реципроцитет меѓу Македонија и Албанија!“ “Македонија – унитарна држава!“

Пред мирниот протест обраќање имаа претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, отец Ивица Тодоров од Граѓанската иницијатива, претседателката на Здружението Преродба Ана Бобинкова, почесната претседателка на здружението Семакедонски национален совет “Македониум“ професор Ангелина Маркус и претседателот на Македонското патриотско здружение “Андон Лазов Јанев – Ќосето“ Горан Ангелов.

– Не барам аболиција за себе, ќе ја издржам казната ако сум виновен, но нека ги казнуваат другите, затоа што не наместија! Жалам што не нема повеќе. Од дома не се брани татковината! – рече во своето обраќаање претседателот на Македонското патриотско здружение “Андон Лазов Јанев – Ќосето“ Горан Ангелов.

Протестот започна со интонирање на македонската национална химна, а заврши без инциденти со македонската народна песна “И ние сме деца на мајката земја“ во исполнение на Васка Илиева.

Мирниот протест продолжува и на 15 септември 2017 година (петок) од 18-20 часот, собирно место во Парк “Жена Борец“ од 17.30 часот.

______________________________________________________

ГОВОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СМК, ТОДОР ПЕТРОВ

МАКЕДОНИЈА МОРА ДА ОСТАНЕ УНИТАРНА ДРЖАВА!

Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, по род и по државјанство, бидејќи повторувањето е мајка на знаењето и денес ќе ги повториме барањата од мирниот протест којшто го одржавме вчера пред Собранието.

Прво, Владата да го повлече предлог Законот за употреба на јазиците, бидејќи тој е неуставен, не е европски, ги руши унитарноста и територијалниот интегритет на државата, ја редефинира државноста, ги дискриминира помалите етнички заедници, ја дестабилизира земјата, и врши мајоризација на малцинството врз мнозинството. Се злоупотребува, за локалните избори што престојат! Сметаме дека е потребна претходна стручна и научна дебата, и решение во согласност со Уставот!
Второ, доколку Законот за употреба на јазиците сепак биде донесен, ќе побараме претседателот на Републиката да не го потпише Указот за негово прогласување. Го повикуваме претсеателот на Републиката да го потсети премиерот на изјавата со гаранциите, од 16 мај 2017 година, бидејќи тиранската платформа се спроведува!

Трето, ако сепак, Законот биде објавен во “Службен весник на Република Македонија“, ќе поведеме иницијатива до Уставниот суд да го поништи Законот како неуставен!

Четврто, ја разгледуваме опцијата за собирање 150.000 потписи од избирачи, заради распишување задолжителен референдум за Законот за употреба на јазиците, Договорот меѓу Македонија и Бугарија од 1 август 2017 година и Забрана за промена на името на државата со референдум, со промена на Уставот или со ратификација на меѓународен договор во Собранието! Името на Државата се состои САМО од еден единствен збор – зборот МАКЕДОНИЈА, и за внатрешна и за меѓународна употреба! Ги потсетуваме претседателот, пратениците, премиерот и министрите, дека Македонскиот народ и македонските државјани на референдумот од 8 септември 1991 година, во апсолутно мнозинство гласаа, цитирам “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки! Одлуката на референдум спореде Уставот е задолжителна за сите!

Бараме безусловен крај на разговорите за државното име Македонија и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија со можност за употреба на уставната додавка Република, како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик, туку на англиски јазик “Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки: окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година до денес!

Македонците во светот отфрлаат пристапување на државата Македонија во Европската унија и НАТО Алијансата, поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!

НАТО и Европската Унија, не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Петто, како незаборав: Основа на Охридскиот рамковен договор беше унитарниот карактер на државата и почитувањето на етничката и верската карта на Македонија. Не постојат територијални решенија за етничките прашања! Така запишаа договорните страни на 13 август 2001 година! Секое изместување од овие основи, имплицира долгорочни последици по државата и нацијата… Затоа, бараме реципроцитет во односите меѓу Македонија и Албанија. Ги поттикнуваме владите во Скопје и Тирана на: Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Албанија, и декларација за историско македонско-албанско помирување, но врз меѓународниот принцип на еднаква сувереност, што подразбира заемно почитување, соработка по сите прашања од заеднички интерес, на реципроцитетна основа и со немешање во внатрешните работи. Нашиот слоган е: ШТО ЗА АЛБАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ТОА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА! Не е вистина, дека во Албанија живеат само 5000 Македонци во девет села во областа Мала Преспа! Македонците во Албанија живеат и во областа Голо Брдо, и во областа Гора и во Тирана, и во Корча, и во Елбасан, и во Поградец, на целата територија на Република Албанија! Ги има повеќе од 300.000, но статистички ги нема, затоа што Владата во Тирана пропишува казни за секој, надвор од Мала Преспа, ако се попише за Македонец, не им овозможува ни основно образование на мајчин Македонски јазик, ги асимилира и денационализира!

Шесто, Мирниот протест не е против малцинските етнички заедници во Македонија! Предлагаме Уставна декларација во која ќе се каже: Независно од пописните резултати, се почитуваат правата и слободите утврдени во Уставот! Но, не прифаќаме фалсификување на попис, за тие права да се задржат. За нас е неприфатлив директорот на Државниот завод за статистика од партијата на Зијадин Села, за кого Македонците не постојат!

Седмо, Бараме аболиција или амнестија за сите од движењето “За заедничка Македонија“, кои во обид за спас на Уставот и демократијата од инсталацијата на марионетска влада за демонтажа на државноста на Македонија, настрадаа во настаните на 27 април годинава, како колатерална штета по сценарио од Калето и асистенција на тие во Собранието!

Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, по род и по државјанство, повикуваме на семакедонско помирување и обединување, затоа што во единството е силата! И никогаш да не заборавиме: Со сите разлики меѓу нас, со сите разлики меѓу Македонците во татковината и во светот, САМО Македонија, е нашиот заеднички именител, САМО Македонија – е нашиот заеднички содржател! Ако неа ја нема, ќе не снема сите заедно! Ги повикуваме ВМРО-ПДМНЕ и СДСМ, ги повикуваме нивните пратеници на единство, да го одбраниме сите заедно достоинството на државата и опстанокот на нацијата! Ги повикуваме ВМРО-ПДМНЕ и СДСМ, ги повикуваме нивните пратеници да не заборават, дека Македонија е унитарна држава, да престанат со лицитација на националните и државните интереси на Македонците и на Македонија!

Укажуваме, дека само референдум по инцијатива на 150.000 избирачи е решение за излез од уставната блокада на државата Македонија, во која мнозинството стана заложник на бадентеровото малцинство! Потсетуваме, дека независно од Уставот, независно од Законот за референдум, не постои уставна и законска забрана за распишување на референдум по било кое прашање, доколку пределагачи се 150.000 избирачи! Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи. Одлуката донесена на референдумот е задолжителна!

Да живее, Македонија!

17 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This