April 25, 2024, 12:08 pm

(Галерија)ПУТИН ГО „ШИТКА“ МЕРЏОТО: Старата Мерцедес лимузина во која се возеше Путин се продава!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека лидерот на САД се вози во „кадилак“ спремен по преференците на безбедносните служби, останатите лидери се возат речиси секогаш со Мерцедес или БМВ

putin_mercedes
Примерот кој го потврдува правилото е токму овој Mercedes-Benz S600 Pullman Guard од 1995 година, поставен на на продажба од страна на германската куќа Mobile.

Во овој примерок се возел рускиот претседател Владимир Путин, пред да почне да ја користи специјално дизајнираната Porsche лимузина, односно BMW серија 7 кој неодамна имаше драматична несреќа во Москва.

mercedes-640x427

Лимузината е оклопена со B6/B7 нивоа на балистичка заштита, има три реда на седишта и V12 мотор од 6 литри и 394кс.

Состојбата на овој Mercedes-Benz S600 Pullman Guard е идентична од времето кога бил користен како официјално претседателско возило, на одометарот покажува 25.000 изминати километри, а имајќи ја во предвид неговата намена цената од дури 1,3 милиони евра можеби и не е толку претерана.

merc1

mercedes2

mercedes1

merc23

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This