„ГАЛФ ОИЛ“ ОСТАНА БЕЗ ЛИЦЕНЦА ВО МАКЕДОНИЈА: Фирмата која влезе во Македонија со амин на Заев, остана без лиценца поради шверц на нафта!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Меѓународната компанија Галф Оил целосно ја префрли вината на албанскиот партнер Сан Петролеум, за шемата со измама со купони, пренесуваат деновиве албанските медиуми. Заменик-претседателот на групацијата, Френк Рутен, изјави дека Галф Оил ја завршиле својата работа со Сан Петролеум, со тоа што во целост им ја одзеле лиценцата, бидејќи таа не била платена – објави „Телма“

„Ова е несреќна ситуација. Но, треба да се сфати дека Сан Петролеум е независна компанија со која сме лиценцирани да тргуваме под брендот Галф оил, како што направивме со многу други компании ширум светот “, вели Френк Рутен, потпретседател на групацијата Галф оил.

Инаку, брендот Галф оил пред седум месеци влезе на македонскиот пазар, а компанијата Сан Петролеум Албанија е нејзин ексклузивен застапник за Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија. Фирмата Супертрејд, чија бензинска станица на булевар Борис Трајковски во Скопје, во октомври лани се ребрендираше во Галф оил, всушност работи преку лиценцата на Сан Петролеум Албанија, што стои и на нејзината интернет страница, дека таа е застапник за овие четири држави.

Нафтената компанија “Галф”, една од најголемите нафтени компании во Албанија, е под истрага поради шема за измама за продажба на купони во вредност од 1,5 милиони евра (1,85 милиони американски долари) неколку дена пред затворањето на својата дејност, објавија локалните медиуми.

Инаку пред седум месеци Галф влезе на македонскиот пазар. Ја отвори првата бензиска станица во Скопје, најавувајќи дека мрежата во иднина ќе ја прошири низ целата држава. Македонија беше претставена како втора земја од регионот каде е присутен овој бренд. На отворањето беа присутни и политичари, меѓу кои и високи функционери. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски беше еден од присутните гости, во друштво со заменик министерот Кире Наумов и сопартиецот Игор Ивановски Шема.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This