ГАРАЖАТА Е ДИВОГРАДБА НА ЈАВНА ПОВРШИНА: Општина Карпош со соопштение по протестот на СДС за гаража во Тафталиџе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во јавноста деновиве, и покрај тоа што се водеше законска и уредна постапка од страна на Општина Карпош за отстранување на времен објект- гаража на улица Букурешка број 35, поставена на јавна пристапна патека, се појавија низа контроверзни коментари. Спорната гаража е дивоградба на јавна површина, соопшти општина Карпош.

 

Оттаму велат дека според важечкиот Детален урбанистички план кој е донесен во 2016. година на местото каде што се наоѓа времениот објект-гаража која е бесправно изградена, е предвидена пристапна патека во широчина од 3,5 метри.

– Георги Петковски на 1.09.2011 година поднел барање за легализација на времениот објект (кој како таков е утврден уште во 2015 година од страна на Комисијата за утврдување на бесправно изградени објекти)-гаража на улица Букурешка бр 35. После поднесувањето на барањето за легализација  во меѓувреме, гаражата дополнително е доградувана, покриена со салонит и на неа е ставена врата, се вели во соопштението од општина Карпош.

Оттаму посочуваат дека ова барање е одбиено врз основа на позитивните законски прописи, односно врз основа на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Според тој закон, се вели во соопштението, бесправни  времени објекти, освен времени објекти наменети за домување (што во случајов не е гаражата) не се предмет на легализација согласно Законот за легализација.

– Овластениот градежен инспектор на Општина Карпош после неколку вонредни и контролни инспекциски надзори на 13 јуни годинава дефинитивно носи Заклучок за дозвола на извршување, односно решението за уривање на гаражата дивоградба станува извршно, се вели во соопштението.

Општината информира дека решението со кое се одбива легализацијата на гаражата, инвеститорот Марија Петковска го обжалува, но жалбата и е одбиена од страна на Второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски. Жалбата не го одложува извршувањето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This