ГАРАНЦИИТЕ НА ЗАЕВ НЕ СЕ НИШТО ПОВЕЌЕ ОД ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА: Со нова измама и европско знаменце, Заев ќе ја воведе двојазичноста!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Законот за употреба на јазиците стана дел од националната законска стратегија за интеграција во ЕУ. Ова значи дека овој закон ќе биде усвоен според стратегијата за усвојување на закони под европско знаме и ќе биде ставен на гласање 10 дена откако ќе влезе во собраниска процедура. Ова за Алсат м го потврди вицепремиерот Османи.

„Вчера владата по предлог на Секретаријатот за европски прашања, националната програма за усвојување на европски закони, од вчера нејзин дел е и законот за употреба на јазиците со што се создава законска рамка и можност овој закон да биде усвоен под знамето на ЕУ и да влезе во постапка која се предвидува за закони кои произлегуваат од оваа национална програма“, рече Бујар Османи, вицепремиер за евроинтеграции.

Османи вели дека текстот на законот останува како што е договорен со СДСМ и албанските партии во коалицијата и се очекува да помине на една од наредните владини седници, а потоа и во Собранието. За овој и за другите закони кои се во служба на европските интеграции, Османи не очекува опструкции од опозицијата.

„Мислам дека Собранието ќе најде начин да се донесат овие реформи. Тоа што сакаме да го направиме е да ги поделиме реформите за интеграција и да ги ставиме на надетничко и надпартиско ниво. Да се договориме влада-опозиција, а и албанската со македонската заедница за прашања околу интеграциите и реформите да се постигне консензус и да бидеме едногласни. Ќе може да дебатираме за други теми во Собранието, ќе може да се блокираме меѓу себе за други закони, но не и за прашања околу интеграциите“, додава Османи.

Реформите од првото тромесечје, според Османи, генерално немаат потреба од големи законски измени поради краткиот временски период и предвидените локални избори.

За ваквиот обид за измама на граѓаните зборуваше и Наталија Ивчева уште пред државниот удар на 27 април. Тогаш, екс-помошник министерот за внатрешни работи, ја отвори можноста дека Заев и СДС заедно со Албанските партии ќе се обидат да го измамат народот, но и претседателот Иванов со тоа што на законот за јазици ќе стават европско знаменце, што пак ќе значи дека за истиот нема да има потреба од 2/3 мнозинство.

20 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This