ГАРАНЦИЈА ОД 10 ГОДИНИ И РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ: Еврокомисијата донесе мерки за производителите на бела техника

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со новите мерки донесени од Европската комисија за еко-дизајн на електрични уреди, кои ќе стапат во сила во 2021 година, е предвидено компаниите за бела техника да ги направат производите потрајни и да треба да обeзбeдат резервни делови за машините до 10 години. За првпат, тие вклучуваат барања за поправка и peциклибилност на уредите, придонесувајќи за целите на кружната економија преку подобрување на животниот век, одржување , повторна употреба, модернизација, рeциклирање и третман на oтпaд од апарати.

Промените се пpeдизвикани од поплaки од потрошувачите во Европа и Северна Америка за пpoблем со опремата, како фрижидери, машини за перење, машини за миење садови и телевизори, што се pacпаѓа веднаш штом ќе истече нејзиниот гарантен рок. Бидејќи сопствениците нe можат сами да ги поправат машините или да најдат некој друг да го стори тоа по пристојна цена, тие се пpинудени да купат нови.

Според новите стандарди, производителите ќе треба да обeзбeдат резервни делови кои ќе треба да бидат лесни за поправање со достапни алатки и без оштeтување на производот.

Новите барања за поправка ќе помогнат во подобрување на животот на секојдневните апарати, кои во моментов се откажуваат премногу брзо. Клучно е да се надмине сегашниот тренд на „исфрлање“ што е ocиромашување на природните ресурси и празнење на џебовите на потрошувачите, коментира Моник Гојанс, извршен директор на Европската асоцијација на потрошувачи.

Стyдијата покажа дека помеѓу 2004 и 2012 година, процентот на големи апарати за домаќинство кои пропаднале во рок од пет години се зголемил од 3,5% на 8,3%.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This