ГАРДИЈАН И ЊУЈОРК ТАЈМС: САД и Велика Британија истуриле милиони во Македонија пред референдумот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Конгресот на САД, пред референдумот и доделила на Владата на Македонија осум милиони долари и уште две за промовирање на владеењето на правото во државата. Додека британската влада платила две компании за односи со јавноста за референдумската кампања.

Американците му дале 10 милиони долари на македонскиот премиер Зоран Заев за кампања пред референдумот за промена на името на земјата и за пристапување во НАТО, пишуваат медиумите во САД и Велика Британија.

Владата во Лондон додаде дека британското Министерство за надворешни работи плати две компании за односи со јавноста за агресивно пропагирање на членството во НАТО со цел да ги убеди македонските граѓаните да гласаат за промена на името.

Според “Њујорк тајмс”, Конгресот на САД во јануари 2017 година, по завршувањето на парламентарните избори во Македонија, кога Социјал демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на чело со Зоран Заев насилно дојде на власт на владата и биле доделени осум милиони долари за новата влада во Скопје.

– Овие пари, сепак, биле префрлени во септември оваа година, токму, пред референдумот. Дополнително, американската администрација одвоила 2 милиони долари за промовирање на владеењето на правото, пари кои биле префрлени во Македонија во август годинава – објави “Њујорк тајмс”.

Весникот додава дека американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, го посети Скопје пред референдумот токму поради американската ,,инвестиција”.

– Тој вети пет милиони долари годишно како помош од САД за безбедноста на земјата. Тој отиде таму за да му даде поддршка на Заев и да ги заштити инвестициите во вредност од 10 милиони американски долари – пренесува “Њујорк тајмс”.

Како што пишуваат британските весници, придонес во кампањата на Зоран Заев дала и владата во Лондон. Канцеларијата на Форин офисот платила две маркетинг компании за кампања пред референдум во Македонија.

– Една од нив е “Габара Страндзиз”. Оваа фирма и се понудила на владата во Македонија уште во март 2018 година, нудејќи помош на Заев за референдумот. Оваа понуда, исто така, содржи контроверзни мерки, како што е фактот дека британската и македонската влада дадоа заеднички изјави. Исто така содржи и понуда за создавање профили на наводно опозициски групи на социјални мрежи, кои всушност би биле контролирани од страна на компанијата. Целта била да се инфилтрираат владини луѓе во опозицијата, да ја канализираат и да ја поделат. За оваа понуда, Заев се согласил, веднаш штом го потпишал договор со Грција во јуни – пренесува “Гардијан”.

Исто така, беше откриено дека британската компанија за односи со јавноста “Стратагем интернационал” исто така била ангажирана пред референдумот во Македонија.

– Таа и помогала на владата да поведи опцијата “за”. Тоа е компанија која има агресивен пристап, со богато искуство на избори и референдуми – пишува “Гардијан”.

Британското Министерство за надворешни работи не ги негираше обвинувањата.

– Велика Британија финансирала мал број независни експерти кои обезбедуваат техничка поддршка на референдумите – велат од  Форин Офисот.

Се верува дека администрацијата на двете британски компании го состатвила референдумското прашање во кое не се споменува дека земјата треба да го промени своето име во Република Северна Македонија, со цел да се минимизира иритирањето на граѓаните. Тие играа на карта дека Македонците сакаат Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ, а прашањето беше: “Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќањето на договорот  помеѓу Република Македонија и Република Грција?”.

Сепак, според заклучоците на американските и британските медиуми, сето тоа не било доволно за победата на Зоран Заев.

– Во суштина, Русија имаше една голема победа – велат медиумите во САД и Велика Британија.
Инаку, повеќето граѓани на Македонија го бојкотираа референдумот, па затоа не успеа. Само 36,8% од регистрираните гласачи излегоа, а повеќе од 50% се потребни за да биде успешен референдумот. Заев сега се повикува на 91,2 отсто од вкупниот број на гласови и се обидува да и претстави на јавноста дека референдумот бил успешен.

 

Подготвил:

Борислав Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This