ГАРЕТ НИ КАЖА ФАЛА: Британскиот амбасадор ни се заблагодари, Димитров штител „безбедносни интереси“ на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет вечерва ја поздрави одлуката на македонското МНР да протера руски дипломат од земјава.

-Ја поздравувам одлуката на Македонија, како дел од една исклучителна, обединета акција од меѓународната заедница против рускиот напад со нервен гас на британско тло. Моќен израз на солидарност, напиша амбасадорот Гарет на Твитер.

Одлуката на македонското МНР, како што претходно беше соопштено, е донесна по консултации со сојузници и партнери од ЕУ и НАТО.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров вечерва преку својот Твитер профил го искоментира протерувањето на рускиот дипломат од земјава.

-Денеска ги известивме руските власти за нашата одлука да протераме еден руски дипломат, во тесна консултација со нашите партнери и сојузници, во целосна солидарност со Велика Британија, како и да ги заштитиме сопствените безбедносни интереси на Македонија, напиша Димитров.

Одлуката која ја донесе Македонската влада, доаѓа ден откако истражителите во случајот „Скрипаљ“ најдоа докази дека нервниот агенс искористен во труењето на разузнавачот е развиен во американска воена лабараторија уште во 1998. година под името А-234.

 

ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ „СКРИПАЉ“: Нервниот агенс со кој бил отруен, развиен во САД!

29 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This