ГАСОВОДОТ НА ВОДНО МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ОГРОМНИ ПОПЛАВИ: Екологистите најавуваат протести во недела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еколозите предупредуваат од опасноста која може да ја предизвика сечењето на шумата на Водно. Според стратегијата за климантски промени изработена токму од Град Скопје во соработка со УНДП, Водно претставува ерозивно подрачје кое би можело да ја загрози безбедноста на скопјани доколку се продолжи со сечењето на шумата. Опасноста произлегува од масовни поплави како оние во Стајковци пред неколку години кога загинаа 22 лица, а причината беше во голем дел масовното сечење на дрвјата на Скопска Црна Гора.

„Знаеме дека самата стратегија за климатски промени што ја изработи Град Скопје во соработка со УНДП лани се вика „Отпорно Скопје го лоцира Водно како ерозивно подрачје што би можело да ја загрози безбедноста доколку се сече шумата “ – велат од Граѓанската ицијатива „Го сакам Водно“.

Градоначалникот Петре Шилегов и покрај предупредувањата од експертите и студијата која ја изработил токму Градот Скопје е одлучен да продолжи со својот план за спроведување на гасовод за сметка на уништување на Водно. Токму поради неговата решителност да продолжи со градежните дејствија околу гасоводо, екологистите најавуваат протести кои ќе се организираат на врвот на Водно во недела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This