ГАСОВОД, ПАТИШТА, ГРАДИНКИ: Илија Димовски во Делчево најави низа проекти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 3, Илија Димовски, денеска оствари средби со граѓаните на Делчево и најави многу нови капитални проекти и нови регионални и локални патишта со кои што ќе им се подобри животот на граѓаните од Делчево и регионот.
d3-640x360

Димовски во оваа прилика истакна дека ќе се врши рехабилитацијата на патот Кочани-Македонска Каменица – Делчево, а најави и изградба на локалниот пат Делчево – Тработивиште.

Тој исто така додаде дека ќе се реконструираат и регионалните патишта Делчево-Ѕвегор и Виница – Бигла, кои ќе бидат од огромно значење за сите граѓани од овој регион, а воедно го потенцираше и значењето на автопатот кој што веќе е во фаза на изградба Миладиновци – Штип.
d4-640x360

Димовски пред граѓаните на Делчево најави многу капитални проекти, како нова детска градинка, магистрален гасовод Разловци – Делчево и изградба на многу канализациони и водоводни мрежи.

d2-640x360

Тој во оваа прилика го потенцираше значењето на проектот Рурални развојни зона со кои што ќе бидат опфатени голем број на населени места околу Делчево преку кои ќе се отворат нови фабрики и нови работни места.

d5-640x360

На средбата присуствуваа голем број граѓани кои истакнаа дека се против погубните политики кои што ги слушаме од страна на Зоран Заев и СДСМ, како двојазичност и федерализација на Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This