ГВАРДИОЛА СО ПОДДРШКА ЗА НЕЗАВИСНА КАТАЛОНИЈА: Пеп Гвардиола даде збор дека ќе продолжи да ја носи жолтата лента на Каталонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тренерот на Манчестер Сити кој по потекло е од Каталонија носи жолта машна во знак на поддршка на оние кои се притворени како резултат на референдумот за независност на Каталонија.

Каталонецот вели дека ја носи жолтата машна во знак на поддршка на четворицата лидери на Каталонија кои се во притвор за сепаратизам и организирање побуна по октомврискиот референдум за независност, кој беше прогласен за нелегален од шпанскиот Врховен суд.

,,Секогаш ќе ја носам жолтата машна’’ вели Гвардиола.

Пред фактот дека сум тренер, јас сум човечко суштество истакна тој, кој е поранешен играч и тренер на Каталонскиот клуб Барселона.

,,Не се работи за политичарите, се работи за демократијата, се работи за помагање на луѓе кои не сторија ништо лошо.’’

Тој вели дека како со Брегзит и со Шкотскиот референдум за независност, Каталонија се залага за подеднакво мирен процес.

Фудбалската федерација на Англија (FA) за CNN изјави дека нема понатамошни коментари за одбивањето на Гвардиола да ја отстрани машната.

,,Тие (FA) знаат дека јас ќе ја носам машната секогаш. Можам да ја носам и на друго место не само на моите гради. Тие знаат дека ќе ја носам.’’
Правилата и регулативите за рекламирање на дресовите на FA гласи: Користењето на невкусна, заканувачка, навредлива, непристојна, навредлива, дискриминаторска или поинаква не етичка или морално навредлива порака како и било каква политичка порака на дресовите вклучувајќи и копачките е забранета.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This