ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: Нема субвенции, влошени условите за работа, намален пласманот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Проблемите со кои во моментов се соочуваат земјоделците се многубројни.

Земјоделците од Свети Николе денес излегоа на протест да го искажат својот револт и да порачаат на Министерството за земјоделство дека неговата програма не се совпаѓа со нивните барања.

Велат дека програмата на МЗШВ ги уништува и најавија дека овој предупредувачки штрајк ќе стане генерален со блокада на Овчеполе.

Намалени субвенции се тежок удар по нивниот џеб.

-Нема да дозволиме со нашата земја да си игра некој затоа што сите овие машинерии чинат пари кои ние ги вложивме и сакаме да живееме. Сега дојде време на целосно уништување на земјоделието и земјоделецот. Нема откупна цена, нема пласман. Самиот министер најави дека најголемиот дел од вештачките ѓубрива не се добри, но не кажа кои се, па ние сме оштетени, фрламе ѓубре, а нема резултат. Нема резултат ниту од семенската пченица. Ние пропаѓаме, оставени сме на милост и немилост, не знаеме што да направиме. Бараме програмата да се врати во стариот облик како што беше, ова со новите измени не оди. Најважна голема работа сега е дека за да конкурираме за закуп на земјоделско земјиште, ни бараат банкарски гаранции. Цената ќе биде 97 евра по хектар почетна на лицитација, а ни бара за 15 години банкарска гаранција, рече Анастасов Љубе земјоделец од 2002-ра година.

Проблемите со кои во моментов се соочуваат земјоделците се многубројни.

-Со ова намалување на субвенциите до 10 хектари со 60 %, ние сме во голема загуба. Овој товар ние не можеме да го поднесеме. Ни се кратат финансиските средства со кои ние купувавме ѓубре, материјали, семиња, набавувавме машини. Сега ќе биде невозможно тоа да го работиме. За откупната цена ние не сме заштитени од државата ниту од мелничарските и пекарски индустрии, тие гледаат да ни ја земат што поевтино, рече Стојчев Анѓелчо.

Пред 20 дена доставиле барање до МЗШВ, одговор официјален нема. Едно лице ги посетило, но ништо не им било посочено. Велат дека ако Владата нема слух за нивните барања, тие ќе продолжат со протести.

Земјоделците велат дека не бараат ништо повеќе, само враќање на старата програма.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This