ГЕНЕРАЛИТЕ НА САД НЕГОДУВААТ ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕТО ОД СИРИЈА И АВГАНИСТАН: Несериозно е ваквите одлуки да ги дознавме преку Твитер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Највисоките воени функционери на САД, се збунети откако претседателот на САД, Доналд Трамп го најави повлекувањето на воените трупи од Авганистан и Сирија како и ненадејната оставка на секретарот за одбрана, Џејмс Матис. Ова донесе до сериозна забуна кај раководството на Американсаките воени сили, а исто така не знаат што да им кажат на своите трупи на теренот, објави Вол стрит џурнал.

Првичната реакција е дека е несериозно вакви одлуки да се данесуваат и првично објавуваат на Твитер.

„ Мислам дека никој не знае што навистина ќе се случи. Ги прочитав истите работи во весниците како и вие, имам само нешто малку повеќе знаење за тоа, но не и многу повеќе“, рече генералот Роберт Нелер, командант на маринскиот корпус.

Генералите стравуваат од веродостојноста на одлуката за повлекување, пред се затоа што тие се уште не добиле никакви насоки во контекст на временски период на повлекување, или бројката на трупите која треба да се повлече и во која насока да се упатат истите.

„Ништо официјално, само твитови“, рече морнаричкиот секретар Ричард Спенсер.

Армиските експерти сметаат дека оставката на Матис е „пострашна“ од повлекувањето на воените трупи, но сите се согласни дека треба да се почека до назначувањето на нов државен секретар за безбедност, но воедно и негодуваат што за вакви важни одлуги треба да читаат на социјалните мрежи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This