ГЕНЕРАЛНА ПРОБА ЗА ВОЈНА: Стотици илјади војници на воена вежба со војската на САД, на границата со Северна Кореја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Корејскиот полуостров започнаа заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја, соопштија официјални претставници на двете земји

Во вежбите учествуваат повеќе од 300.000 јужнокорејски и 11.500 американски војници, вклучувајќи и 4.000 војници стационирани надвор од Јужна Кореја, јавува агенцијата Јонхап.

Вежбите кои обично се одржуваат на крајот на фебруари и почетокот на март, се променети за подоцна поради одржувањето на зимските олимписки игри во јужнокорејскиот град Пјонгчанг.

Траењето на вежбата е скратено од два, на еден месец, а не се очекува дека на нив ќе се појави и американскиот носач на авиони или нуклеарна подморница.

Некои аналитичари велат дека Вашингтон и Сеул играат со „спуштен гард“ поради попуштањето на тензиите со Северна Кореја.

Јонхап додава дека се очекува дека лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун во текот на оваа пролет ќе се состане со претседателите на Јужна Кореја и САД Мун Џае Ин и Доналд Трамп.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This