ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА АД ЕЛЕМ НА СРЕДБА СО НОВИНАРИТЕ: АД ЕЛЕМ со добивка од 8,6 милиони евра во првото полугодие од годинава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

АД ЕЛЕМ во првите шест месеци од годинава оствари нето добивка од 533 милиони денари или 8,6 милиони евра, а депозитите во неколку домашни банки заклучно со 31 јули изнесуваат 1.250 милиони денари, односно 20 милиони евра, информира генералниот директор на компанијата Христијан Мицкоски на денешната средба со новинарите.

Тој нагласи дека компанијата редовно ги подмирува своите обврски кон државата, деловните партнери и вработените и посочи дека заклучно со 31 јули се исплатени сите доспеани побарувања. Предвреме е отплатен и кредитот кон Светска банка во износ од 903.526 долари.

– Компанијата е со одлични финансиски резултати и одлична финансиска кондиција и ликвидност, а и техничкиот капацитет е на завидно ниво. Продолжуваме да ги испорачуваме неопходните количини за потрошувачите на регулираниот пазар, а ќе се обидеме и дел од тие количини, содветно на нашите можности, на неделно ниво да ги пласираме на слободниот дел од пазарот, рече Мицкоски.

Најави дека до крајот на денов ќе се знае дали ЕЛЕМ утре ќе објави тендер за продажба на вишоците на електрична енергија од околу 20 мегавати на слободниот пазар.

– Компанијата воопшто не увезе електрична енергија во јули, а нема да увезува ниту во август. Во периодот кога речиси сите околни земји увезуваат електрична енергија се прават последните анализи дали да понудиме електрична енергија за продажба на слободниот пазар. Цениме дека овој период е поволен, бидејќи цената на слободниот пазар денеска изнесува 91 евро и е двојно повисока од регулираната. Доколку се одлучиме да продаваме ќе оствариме дополнители приходи и профит за компанијата, рече Мицкоски.

Во првите шест месеци од годинава капацитетите на АД ЕЛЕМ произвеле над 2.166 гигават часови електрична енергија што претставува над 5 отсто повеќе во однос на планираното со енергетскиот биланс за 2017 година. Термоелектраните  испорачале 1.703 гигават часови или за 38 отсто повеќе од планираното, а хидропотенцијалите 401 гигават час, односно 54 отсто од планираното. Ветерниот парк Богданци партиципирал со 55 гигават часови електрична енергија со што го натфрлил планот за 17 проценти.

– Намаленото производство на хидропотенцијалот се должи на дотеците во периодот јануари-јуни кои се за 41 отсто пониски од повеќегодишниот просек. Доколку хидролошката состојба беше поволна ќе остваревме двојно повисока добивка, рече Мицкоски и додаде дека трендот на натфрлање на производството продолжил и во јули кога се испорачале над 2.460 гигават часови што е над 5 проценти повеќе од планираното.

Прецизира дека во првото полугодие од годинава 95,82 отсто од испорачаната електрична енергија на регулираниот пазар е од производствените капацитети на ЕЛЕМ, а 4,18 отсто е набавена од увоз за да се оптимизира системот и да е заштеди вода поради неповолната хидролошка состојба.

Информира дека на претквалификациите на тендерот за изградба на топлификација во Битола интерес покажале две компании, една германска и една австриска и посочи дека во текот на следната недела ќе бидат отворени понудите од тендерот за набавка на механизација за РЕК Битола.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This