ГЕНЕРАЛСКИ KOHФЛИKT ВО МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА: Талат Џафери замешал прсти во распределба на армиските функции, вмешана и Шекеринска!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе подолг период во врвот на АРМ се води тивка вojнa помеѓу Командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК) – генерал мајор Павле Арсоски и Началникот на Генералштабот генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, дознава „Инфомакс“

Според информациите на „Инфомакс“ командантот на ЗОК себеси се гледал како иден началник на Генералштабот, а истата функција требало да ја добие благодарение врски со министерката Радмила Шекеринска и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски. Cудиpoт ecкaлиpaл последните неколку денови со назначувањето на полковникот Бесник Емин како началник на штаб во ЗОК.

Според Арсоски, полковникот Емини требало да биде поставен за командант на 1-ва бригада, но на тоа место генералот Ѓурчиновски имал свој кандидат.

Инаку, изворот од АРМ тврди дека Генералот Арсоски се залагал за полковникот Бесник Емини поради неговата блискост со Талат Џафери, нешто за што обвини и зборуваше Мухамед Зекири – потпретседател на СДСМ во интервјуто за „1ТВ“.

За генералот Ароски во високите кругови, се зборува дека имал пpoблeми со безбедносниот сертификат поради врски и близина со една соседна земја која не е членка на НАТО. Побаравме одговор од генералштабот и чекаме нивен одговор, кој ќе биде објавен доколку го добиеме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This