ГЕНИЈАЛЕН ПРОЕКТ НА ШИЛЕГОВ: Бесплатни кондоми за комарците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако во јавноста одлично помина претходниот проект на градскиот татко Петре Шилегов за ваучери за такси за они кои су мало више попили, сега Шилегов има нова генијална идеја која ќе ги реши проблемите на граѓаните со наездата на комарци. Станува збор за делење на бесплатна заштита односно кондоми за комарците кои според Шилегов имале одлични услови за размножување.

Шилегов покрај делењето на бесплатна заштита за комарците ги замоли граѓаните да не пуштаат музика од Бери Вајт и да не користат пригушени светла, фактори кои дополнително ги стимулираат комарците да се размножуваат. Тендерската постапка за избор на марка на кондоми ќе биде јавна и транспарентна како и досега, вели Шилегов, но ние од внатрепартиски извори дознаваме дека компанијата Пуцко Петрол е заинтересирана за тендерот и планира да отвори погон за производство на кондоми набрзо.

Според извори од град Скопје чашата со комарците ја прелил моментот кога комарец паднал во чорбата за пеевче на Влатко Васиљ по што експресно се пожалил на својот шеф Шилегов, по што тој одлучно решил да се бори со комарците.

*Вестите во рубриката „Политикака“ не се реални и се сатира. Секоја сличност со реалноста не е случајна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This