ГЕНОЦИД ВРЗ БЕЛЦИТЕ ВО ЈУЖНА АФРИКА: Белите фармери во Јужна Африка се изложени на ризик од геноцид вели австралиски сенатор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Луѓето кои ги напаѓаат фармерите од Јужна Африка се “нелуѓе”, според австралискиот сенатор од Квинсленд Фрејзер Анинг, кој неодамна ги опиша овие настани како “почеток на геноцид”.

Поранешниот член на Една Нација, десничарска популистичка партија во Австралија, Анинг во неделата разговараше со поддржувачите на јужноафриканските белци пред парламентот во Квинсленд, Бризбејн.

“Ова е почеток на геноцид што се однесува до мене, и тоа само ќе се влоши, бидејќи геноцидот штотуку започна”, рече тој. “Секој кој ќе вари дете во када, ја силува мајката и ќе ги убие луѓето на начинот на кој го прават сега се нелуѓе”.

Сенаторот, исто така, фрли сомнеж врз способноста на црните Јужноафриканци да работат на земјата. “Овие луѓе, кога ќе ги преземат фармите, како што видовме во Зимбабве, фармите ќе пропаднат”, рече тој. “За неколку години ќе побараат помош, барајќи ја нашата поддршка и може да бидете сигурни дека Обединетите нации ќе бараат да ги поддржиме овие луѓе со странска помош “.

Анинг го поддржа предлогот на австралискиот политичар Петер Датон да им даде статус на бегалци на земјоделците. Критикувајќи ги емигрантите од други области, Анинг рече дека Јужноафриканците биле “вредни, трудољубиви, ги имаат истите христијански вредности, наспроти некои од другите мигранти што ги доведуваме во земјата’’.

Претходно овој месец, австралискиот министер за внатрешни работи, Датон, повика на итни визи за белите земјоделци во Јужна Африка, велејќи дека “тоа е ужасна околност со која се соочуваат” и дека “заслужуваат посебно внимание”.

Наводниот прогон на бели фармери во Јужна Африка е нагласен по неодамнешните извештаи во медиумите. Тие почнаа да ги покриваат настаните откако властите во Јужна Африка го одобрија новиот закон кој дозволува прераспределба на земјиштето во сопственост на бели фармери до црните граѓани од Јужна Африка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This