April 25, 2024, 12:36 pm

Георгина Родригез: „Не бев многу убаво дете“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Георгина Родригез е една од најмоќните жени во светот на фудбалот денес и не е изненадувачки што сите камери на фестивалот во Венеција беа вперени во неа секогаш кога ќе се најдеше на црвениот килим. Таа не глумеше во ниту еден филм прикажан на ова култно шоу, но нејзиното присуство беше чест за организаторите, пренесуваат странските медиуми.

Таа се проби до степен до кој сега наплаќа 8.000 евра за еден рекламен пост на Инстаграм, и дури 100.000 за интервју.

Животот денес ѝ изгледа како сон, во голема мера благодарение на фактот дека Кристијано Роналдо ја сака, но Георгина се избори за многу работи сама, затоа што нејзиното детство и рана младост биле далеку од гламурозни…

View this post on Instagram

Satisfacción &❤️

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Таа е родена во 1994 година во Буенос Аирес, но наскоро се преселила во Шпанија поради деловните обврски на својот татко, фудбалер. Веќе на четиригодишна возраст ја открила големата љубов – танцувањето.

Не бев многу убаво дете. Дефинитивно не бев најубавата во одделението. Бев нормална. Танцувањето ме научи на дисциплина и љубов кон уметноста“, изјави Георгина за странските медиуми.

Љубовта кон играта никогаш не престанала, но години подоцна, „грдото пајче“ станало вистинска убавица, па затоа одлучи да заработи повеќе пари со моделинг.

Не се сеќавам конкретно на мигот кога одлучив да бидам модел. На училиште сите одеднаш почнаа да ми кажуваат дека сум убава, дека имам добро тело и јас едноставно почнав да верувам во тоа.“

Како и секој почеток, таа мораше да вложи пари во тоа прво за да ги врати во одреден момент и да ги собере плодовите. Немајќи доволно пари, таа заминала во Бристол за да го подобри својот англиски јазик и да работи попатно.

Бев и чистачка, ништо не ми претставуваше проблем“, вели таа.

Желбата за успех не стивнала дури и по враќањето во Шпанија, каде што живеела со својата сестра, но повторно немала пари. Се вработила во продавница за луксузна облека каде што го запознала својот принц, Кристијано.

За време на нејзината смена, Роналдо дошол во шопинг, а во тој момент требала да му помогне, да му асистира. Се покажала добро, и толку многу што нивната втора средба само го потврдило она што двајцата веќе го знаеле – се случила љубов на прв поглед.

Прво се запознавме додека работев како асистент за продажба. Неколку дена подоцна, беше организиран маркетинг-настан од друг бренд, на кој едноставно отидов – кога, таму беше тој. Можевме да разговараме многу порелаксирано таму, затоа што не бев на моето работно место. Тоа беше љубов на прв поглед, и за мене и за него – откри Георгина, а другото е историја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This