ГЕРМАНИЈА ДАДЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ВЛЕЗОТ НА СЕВЕРНА ВО НАТО: Тие се заложуваат овој процес да заврши што е можно побрзо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската Влада даде согласност за прием на Македонија во НАТО и ќе се заложи овој процес да заврши што е можно побрзо.

Во соопштението на Владата во Берлин се нагласува дека влезот на земјава во НАТО ќе даде важен придонес за безбедноста во евроатлантскиот простор, а исто така ќе обезбеди и важен импулс за натамошна стабилизација на регионот на Западниот Балкан.

– Историски момент. На 17 јуни 2018 година со Преспанскиот договор, Атина и Скопје ставија крај на 25-годишниот спор за името на поранешната југословенска република. Основата е поставена за приклучување на Република Северна Македонија во НАТО. Во февруари земјите-членки ќе го потпишат Протоколот за пристапување кон Вашингтонскиот договор, се нагласува во соопштението.

Германската Влада ќе се залага за брзо усвојување на Протоколот, со цел формалното пристапување да може да се случи до крајот на следниот месец.

Во соопштението се додава дека „Северна Македонија на надворешно-политички план игра конструктивна улога во Западен Балкан“.

-Тоа стана особено видливо во нејзината подготвеност да се согласи за промена на името во преговорите со Грција во јуни 2018 година од Македонија во Северна Македонија, се нагласува во соопштението на германската Влада.

Германската Влада потсетува дека откако во јуни минатата година беше постигнат Договорот од Преспа, на 12 јули лани шефовите на држави и влади на земјите-членки на НАТО и дадоа покана на Владата во Скопје за почеток на претпристапните разговори. Македонското Собрание, додава Владата во Берлин, на 11 јануари ги усвои уставните измени, а неодамна Договорот беше ратификуван и од грчкиот Парламент.

-Пристапувањето исто така ќе даде голем придонес кон унапредување на вредностите на трансатлантската заедница. Изминатите години Северна Македонија амбициозно го реформира безбедносниот сектор и направи голем прогрес во областите на владеењето на правото и демократијата. Македонската Влада се заложи дека ќе продолжи со спроведувањето на реформите, се наведува вп соопштението од Владата во Берлин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This