Германија дaдe зeлeнo cвeтлo зa нaбaвкa нa „Спутник В“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По повеќе шпекулации, но и најави од германските надлежни дека ќе набавуваат руска вакцина против корона вирус, тоа и се случи.

Имено, како што пренесоа некои странски агенции, главната германска Комисија за вакцинација на покраината Баварија ѝ одобри прелиминарна нарачка на „Спутник В“.

Дека Германија навистина се подготвува да набави руски вакцини и да започне билатерални преговоти со Русија јави порано и Ројтерс, повикувајќи се на свои извори од состанокот на министерите на членките на ЕУ со Европската агенција за лекови ЕМА.

На тој сосотанок на министрите им е речено дека ЕМА и ЕУ нема да почнат преговои за набавка на „Спутник В“, како што тоа беше случај со другите производители, чии вакцини не ни ги има доволно на пазарот.

Но, како што наведе Ројтерс, во тој момент германскиот министер за здравство се јавил за збор и изјавил дека Германија ќе почне прелиминарни преговори за билатерален договор за обезбедување вакцини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This