Германија загрижена од втор бран, мнозинство од населението сè уште е подложно на инфекцијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поголемиот дел од Германците сè уште немале контакт со новиот коронавирус, според германскиот институт за контрола на болести, врз основа на резултатите од тестовите за антитела во крвта на донаторите.

Само 1,3 проценти од крводарителите имаат антитела на новиот коронавирус, според првичните податоци од билтенот на Институтот „Роберт Кох“.

Затоа, може да се појави нов бран на инфекцијата ако повторно се зголеми ширењето, рекоа авторите на извештајот од билтенот.

Присуството на антитела во крвотокот е знак дека некое лице е заразено со вирус што ја предизвикува болеста ковид-19.

Во април во Германија биле тестирани 11.695 примероци на крв од донатори. Резултатите покажуваат дека „веројатно мнозинството од населението сè уште не стапило во контакт со вирусот и сè уште е подложно на инфекцијата“, рече Лотар Вилер, директорот на институтот.

Сепак, тој истакна дека резултатите не се репрезентативни, бидејќи само здрави луѓе можат да бидат крводарители. Резултатите од студијата за антитела кај крводарителите во земјата ќе бидат објавени на секои 14 дена до крајот на септември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This