March 28, 2024, 10:01 pm

Германија има потреба од милион работници

Поврзано

- Advertisement -
Дури 1.064.000 слободни работни места се нудат на германскиот пазар на труд во првите три месеци од годинава. Ова е рекордна бројка регистрирани слободни работни места во оваа земја и за 9.000 повеќе отколку последниот ваков рекорд забележан во последниот квартал од 2016 година.
- Advertisement -

382183-vo-germanija-milioni-slobodni-rabotni-mesta

Анализата на пазарот на трудот од страна на германскиот Институт за истражување на вработеноста покажува дека околу 77 отсто од сите отворени работни места се наоѓаат во западна Германија. За околу две третини (64 отсто) од овие работни места од потенцијалниот вработен се бара да има завршено некој занает, додека 16 отсто бараат високообразовни работници.

Од преостанатите 20 отсто од работниците не се очекува никакво посебно образование.

– Моментално малите и средните претпријатијата пред сè бараат работници занаетчии – вели Александер Кубис од институтот.

Германските медиуми пишуваат дека новообјавените податоци ќе влијаат како „ветер во грбот“ за оние што одлучиле да градат нов живот и да си ја побараат среќата во Германија.

Најбарани професии се:информаричари, математичари, електроничари, металурзи, електричари, ортопеди и негуватели.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This