ГЕРМАНИЈА НАСКОРО ЌЕ ЈА МИНE НОРВЕШКА: Прoдажбатa на eлeктpични автомобили во Германија континуирано рacтe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германија оваа година веројатно ќе ја надмине Норвешка и по првпат ќе биде број еден според продажба на електрични автомобили во Европа.

Со тоа, Германците ќе ја симнат Норвешка од врвот, долгогодишниот лидер на полето на користење и продажба на електрични автомобили.

Во Норвешка според податоците на Агенцијата за информирање за патен сообраќај (OFV) во ноември биле регистрирани нешто помалку од 3.700 нови електрични автомобили. Тоа е за 27 проценти помалку отколку во истиот месец минатата година.

Бројот на нови регистрации во Германија порасна во ноември. Според податоците на Федералното тeлo за сообраќај (KBA), забележан е раст за околу девет проценти, на повеќе од 4.600.

Според ова, во Германија досега се регистрирани околу 57.500 електромобили, а во Норвешка нешто помалку, околу 56.900. Германија се уште има за надоместување кога станува збор за пазарниот удел на електромобилноста, а според KBA таа во ноември изнесувала само 1,6 проценти. Во Норвешка, и покрај пaдoт, вредноста и понатаму изнесувала 36,9 проценти.

Норвешка има продадено најмногу електрични автомобили од било која европска земја од 2010 година па наваму, кога Nissan Leaf, првиот целосно електричен автомобил за масовна продажба го направи своето деби.

Додека Норвешка се постави како регионален бастион за електрични автомобили благодарение на мерките на нивната влада, земјата има само 6,4 проценти од популацијата на Германија, поради што растот е лимитиран.

Германските производители ќе ја зголемат тројно својата понуда на автомобили до 150 модели до 2023. година и ќе инвестираат 50 милијарди евра до 2024 година.

Кога станува збор за Европа, продажбата на електрични автомобили забележа раст од само 3,1 процент на нови регистрации во третиот квартал, според податоците на Европската асоцијација на автомобилски производители (EAMA).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This