April 19, 2024, 12:37 pm

ГЕРМАНИЈА ПРЕКУ ОРДАНОВСКИ БАРА ЗАКРВУВАЊЕ ПОМЕЃУ МАКЕДОНЦИТЕ И АЛБАНЦИТЕ: Кој диригира нова политичко-безбедносна криза?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Станува очигледно дека на некои структури не им одговара стабилна и независна Република Македонија. Затоа и се толерираат аболицирани криминалци од калибарот на Зоран Заев, пишува Република.

zz-640x325

Воедно, се охрабруваат политичари од соседството да ги поткопуваат темелите на унитарноста на Македонија. Дотолку посимптоматично е што истите политичари се далеку од тоа да ги средиле проблемите на домашен терен.

Се чини дека систематски се потхранува нестабилноста во земјата. Република Македонија спроведе фер и демократски избори на 11 декември, кога мнозинството граѓани ја поддржаа опцијата за затворање на кризата, фокус на економијата и реформите кон членство во ЕУ. Ова мора да го почитуваат и надвор, без разлика на тоа која политичка опција им одговара, пред се за остварување на нивните интереси.
DW_albanci

Па кој пред се диригира нова политичка нестабилност во земјата? Односно, кому тоа му одговара пролонгирање на политичката криза во Република Македонија?

Редакцијата на Дојче Веле на македонски јазик го пренесе „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ , односно текстот „Гнилата порта на балканската рута“, каде се анализира постизборната состојба во Македонија и можните коалиции кои во иднина би ја предводеле владата. Тоа што Дојче веле го извлекува како клучен е е делот во кој пренесува „Ќе помогнат ли Албанците да се урне Груевски? “.

Всушност, редакцијата на Дојче Веле функционира како партиска испостава на СДСМ. Ниту Борис Георгиевски ниту пак Катерина Блажевска не се задржаа на новинарските неутрални стандарди, туку директно ги застапуваа(т) барањата на опозицијата.

georgievski_DW

Од друга страна, главен извор на информации и контакти на ФАЗ е германската амбасада, каде веќе е познато дека е сопругата на Сашо Ордановски, Бјанка, што до сега неброен број пати ја потврдиле својата непрофесионалност. Додека Ордановски влегува во редот на првите аналитичари во медиумите на СДСМ, неговата сопруга е во првите редови на политичките прес конференции на СДСМ. Нејзина улога е „обработка“ на амбасадорите според ставовите на нејзиниот сопруг. Како и секогаш, Така и на последната средба на Заев со германската амбасадорка, Бјанка седи веднаш до неа. За потсетување, Ордановски деновиве го бутка ставот дека сите барања во платформата од Тирана се прифатливи за СДСМ.

За македонската редакција на „германскиот бран“, на пример, не е спорно што ФАЦ Република Македонија ја нарекува „Гнилата порта“, или пак што ФАЦ се по теркот на Тирана пишува за знамето на „словенските Македонци“, па и што вмешувањето на Рама во внатрешните работи на Македонија ги нарекува „одлучно посредување“. Дури и тоа што и ФАЦ смета дека барањата во платформата ги оценува за „барања од голем калибар“. Или, дали воопшто ќе го постават прашањето дали Рама ги средикл проблемите со македонското малцинство во Албанија. Едноставно за Дојче Веле е важно дали Албанците ќе помогнат да се урне Груевски.18516202_401

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This