ГЕРМАНИЈА ЈА ГУБИ ДОВЕРБАТА ВО САД: САД е несигурен партнер за Германија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на германскиот Бундестаг, на состанокот со претседателот на Комитетот за надворешни работи на Руската Федерација, Константин Косачев, ја сподели загриженоста на Русија во врска со несигурното однесување на американските лидери, нагласувајќи дека ја гледа улогата на Германија во преземањето на водечката улога во Европа, вклучително и во нормализирањето на врските меѓу ЕУ и Русија.

“Целосно ја споделувам вашата загриженост во врска со непредвидливоста на американската политика. Ова води кон потребата Германија да ја засили и да ја преземе водечката улога кога станува збор за прашањата на ЕУ, вклучително и во однос на Русија”, рече Волфганг Кубички.

Говорејќи за најновите одлуки на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, како што е нејзиното еднострано повлекување од договорот за нуклеарно оружје со Иран, и покрај барањата на лидерите на ЕУ за спротивното и новиот круг анти-руски санкции, Кубички истакна дека овие чекори создадоа дополнителни предизвици за односите ЕУ-САД.

Заменик-претседателот на Бундестагот, исто така, спомена дека новите тарифи од 25 отсто и 10 отсто за увозот на челик и алуминиум воведени Вашингтон предизвикале незадоволство кај европските лидери.

САД ги наметнаа тарифи кон крајот на март. Според Трамп, тарифите ќе бидат во важност подолг период. Европската унија и голем број други земји добија привремено ослободување од тарифите кое ќе истече во петокот.

На крајот од февруари рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рибаков, рече дека акциите на САД резултирале со натамошно продлабочување на недовербата и го потврдиле фактот дека Вашингтон е “несигурен партнер”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This