ГЕРМАНИЈА ЌЕ ГО ВООРУЖУВА КОСОВО: Противоклопна ракетна артилерија и напредно пешадиско вооружување, дел од тајниот договор на Хашим Тачи и германските разузнавачи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Властите во Приштина повеќе месеци преговараат со германските разунавачки служби за набавка на топови и противоклопни ракетни системи за таканаречената војска на Косово – дознава „Новости“

UCK

Како што пренесуваат добро информирани извори, во фокусот на Албанците е лесна артилерија и современо пешадиско вооружување со кое, во првата фаза би се опремиле силите, чие формирање е ги загрижува земјите во регионот.

Според „Новости“, пришстинските стратези сметаат дека ова вооружување е најпотребни, бидејќи единствено со него би можеле да се спротивстават на тенковите во случај, поради загрозеност на српскот народ, владата во Србија да одлучи да испрати оклопни единици во покраината.

Планот на Албанците подразбира дека оваа и следната година ќе биде завршено формирањето на војската, по што следи воспоставување на командата и комплетирање на човечките ресурси и опрема. Хашим Тачи и творците на новата војска очекуваат дека истата ќе биде оперативна до 2019 година.

Во преговорите за купување на оружје, професорот по безбедност Радомир Милашиновиќ гледа обид на Приштина по секоја цена да ја заокружи структурата на својата идна војска. Оваа работа, како што нагласува, сепак, нема да биде возможен без согласност на Брисел и Вашингтон.

За воениот аналитичар Мирослав Лазански, не е изненадувачки што Косово набавува вооружување бидејќи, како што вели за „Новости“, КСБ формациски веќе се војска чии припадници ги обучува НАТО.
– Тие топови и противоклопни ракети веќе имаат, само ги држат во складиштата. Имаат и хеликоптери. А, зошто го зајакнуваат вооружувањето е прашање за КФОР, како и тоа дали РОСА смеат или не да бидат на северот на Косово.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This