April 25, 2024, 11:27 am

ГЕРМАНИЈА ЌЕ ТРЕБА ДА „УВЕЗУВА“ 260 ИЛЈАДИ РАБОТНИЦИ ГОДИШНО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Германија до 2060 година ѝ требаат најмалку 260 илјади нови работници од мигрантско потекло годишно, за да ги задоволи своите потреби и да го покрие демографскиот недостиг, јави Дојче Веле.

Од таа бројка, околу 146 илјади луѓе секоја година ќе треба да мигрираат од земји кои не се членки на ЕУ, покажа истражување на Фондацијата Бертелсман.
Поради стареењето на населението, се проценува дека работната сила во Германија ќе опадне за една третина, или за 16 милиони луѓе до 2060 година, доколку не се зголеми миграцијата. Без нови странски работници, недостигот на работна сила може да има катастрофално влијание врз четвртата најголема економија во светот.

Студијата проценува дека околу 114 илјади луѓе ќе мигрираат од други земји на ЕУ, но демографскиот фактор и економското приближување меѓу земјите од ЕУ ќе го намалат поттикот за работниците да се доселуваат во Германија.
Директорот на Бертелсман, Јерг Дрегер изјави дека официјалните бројки покажуваат оти во 2017 само 38 илјади работници дошле и останале во Германија.

Во студијата се заклучува дека Германија под итно мора да донесе имиграциски закони со кои ќе се привлечат средно и високо обучени работници, но и да развие поробустна програма за интеграција, пренесува Дојче Веле

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This