Германска фабрика направи кадифено мече во чест на Ангела Меркел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германска фабрика за играчки направи мече во чест на Ангела Меркел, додека канцеларката се подготвува политички да се пензионира по 16 години на чело на владата.

Херман-Шпилверен, со седиште во баварскиот град Кобург, претстави играчка висока 40 сантиметри, која има одредена сличност со канцеларката.

Плишаното мече има фризура слична на г -ѓа Меркел, додека шепите се поставени на таков начин што го имитираат легендарниот гест на раката познат како „ромбот на Меркел“, пренесува РТ.

– Се обидуваме да изразиме моменти од модерната историја во мечки како уметничка форма – рече Мартин Херман, генерален менаџер на една од најстарите се уште постоечки фабрики за мечки во светот, пренесува германски Билд.

Исто така, им беше дадена можност и на други познати личности да се запознаат со мечките, а меѓу нив се поранешниот американски претседател Барак Обама, поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит и британската кралица Елизабета Втора.

101-годишниот семеен бизнис ќе направи ограничена серија од 500 мечиња со ликот на Ангела Меркел, чија цена е 189 евра.

16 -та мечка по ред ќе биде испратена до Ангела Меркел, што претставува број на години поминати како канцелар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This