ГЕРМАНСКИТЕ МЕДИУМИ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Повторно игра со границите на Балканот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германсктие медиуми пренесуваат дека на Балканот некој повторно си игра со границите, игра која е сериозна закана за мирот и безбедноста во регионот. Весникот Бадише Цајтунг анализира дека отстранувањето на гранични контроли помеѓу Албанија и Косово, Србија го толкува како обид за остварување на албанскиот со за голема Албанија.

„Во Србија отстранувањето на граничните контроли се интерпретира како обид за создавање ‘Голема Албанија’. Албанскиот премиер Еди Рама уште пред многу месеци најави дека ќе се олеснува граничниот режим меѓу Албанија и Косово. Во интервју за ‘Винер стандард’ есента 2017. година, тој рече дека граничните контроли во иднина би требало да бидат како меѓу Австрија и Швајцарија. ‘Сега има многу големи контроли, а ние сакаме лесен граничен менаџмент, но не сосема без контроли.’, пишува весникот.

Весникот предвидува договорот помеѓу Косово и Србија да биде готов наредната недела, договор со кој Србија индиректно ќе го признае Косово, но границата на северниот дел од државата би била пропустлива слично како онаа помеѓу Албанија и Косово.

Возбудата околу менаџирањето на границата не доаѓа туку така. Планираниот договор меѓу Србија и Косово би требало да биде готов веќе наредната година. Тој би требало да води кон еден вид индиректно признавање на Косово од страна на Србија. Границата меѓу Србија и северниот дел на Косово, каде мнозинство се Срби, би можела- аналогно на границата меѓу јужниот дел на Косово и Албанија – да биде многу пропустлива. Меѓутоа, она што звучи како прагматично решене, ја нагласува етничката припадност, но во никој случај територијалниот интегритет“, анализира медиумот.

Германските експерти на конечното обединување на Косово и Албанија гледаат прилично лефтерно истакнувајќи дека тоа е легитимна цел. Но на создавањето на таканаречената ,,Природна Албанија’’ соседите на Албанија гледаат со страв, поради опасноста од присвојување на територии и од другите соседни земји.
„Албанија и Косово, кое е населено речиси само од Албанци, прилично незабележано од странство се приближуваат со големи чекори. Предлозите за заеднички претседател по меѓународниот крик исчезнаа брзо во фиока. Но создавањето заедничка царинска служба сега е спроведено. А, отворањето на границата меѓу соседите од јануари наредната година ги престраши другите народи на Балканот. Зашто, проектот ‘Природна Албанија’ кој спие со децении, предвидува посегање по подрачјата во соседните земји каде што живеат Албанци. Германскиот експерт за Албанија, Андреас Вилдермут, на работите гледа опуштено. Албанија и Косово сакаа ‘да создадат колку што е можно поголемо единство под границата на формално обединубвање’. Тоа е ‘легитимна цел, затоа што не може да им се отфрлаат регулативи кои се стандард во ЕУ’, вели тој за агенцијата ДПА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This