Германсkа компанија ќе остави 10 000 вработени на улица поради kpизата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската авиокомпанија Луфтханса планира да укине уште десет илјади работни места како дел од мерките за намалување на трошоците поради долготрајниот пад на приходите предизвикан од пандемијата на коронавирусот.

Луфтханса планира да ги укине постојаните работни места во Германија, пренесе Анадолија.

Главниот финанскиски директор на компанијата, Ремцо Стенберген, ркеол дека тоа сакаат да го постигнал со доброволни откази или со скратување на работното време.

-Се подготвуваме за откази, рекол тој.

Стенберген додал и дека тие мерки можат да се спроведат на почетокот на следната година.

Компанијата Луфтханса веќе има укинато околу 24 илјади работни места во светот. Компанијата се обидува да ја преброди кризата со намалување на бројот на вработени за 19 отсто и преполовување на оперативните трошоци во првото тримесечје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This