April 25, 2024, 10:16 am

ГЕРМАНЦИТЕ НЕЗАДОВОЛНИ ОД МЕРКЕЛ: Речиси 80% од германските граѓани незадоволни од владата на земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 80 отсто од германските граѓани го изразија своето незадоволство од владата на земјата, со само 21 кои ја одобруваат нејзината работа, покажаа новата анкета, спроведена од радиодифузерот АРД.

Според истражувањето на Дојчланд Тренд, спроведено од страна на АРД, 78 отсто од испитаниците изјавиле дека биле донекаде незадоволни од владата. Бројот на Германците кои не се согласуваат со работата на владата се зголеми за 15 отсто во текот на само еден месец.

Намалената поддршка за владините политики, наводно, била поврзана со кризата во владејачката коалиција предизвикана од различни ставови за миграцијата.

Анкетата беше спроведена во вторникот, а во неа улествуваа 1.005 луѓе.

Коалиционата криза помеѓу Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и нејзината баварска сестринска партија Христијанска социјална унија (ЦСУ) за прашањето на миграцијата трае веќе неколку недели . Претходно оваа недела, партиите се согласија да преземат мерки за спречување на илегалната миграција во Германија. Договорот вклучува, меѓу другото, зголемување на контролата долж границата за да се спречи нелегалните мигранти да влезат во земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This