ГЕРОВСКИ ДО ЗАЕВ И ЗАБРЧАНЕЦ: Доста се глупиpaте

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот Бранко Героски преку својот фб статус реагираше на “дефиницијата” на Забрчанец што значи напад врз демократијата при објавувањето на лажните вести. Героски им одржа лекција на Зоран Заев и неговиот ПР советник Марјан Забрчанец посочувајќи им дека нивниот акциски план за борба против лаќните вести е класичен политички и правен волунтаризам.

“Ова веќе е сериозен теоретски придонес во развојот на политичкиот и правниот волунтаризам во Северна Македонија.

И сега, претпоставувам, кога Акциската група ќе презема активности за “одбрана на демократијата”, како дефиниција на тоа што е “напад врз демократијата” ќе го користи овој ФБ статус на Забрчанец. Дечки, кој ве учи вака? Вака ли се градат демократски институции и практики?

Не другарчиња, ова е класичен политички и правен волунтаризам. Поткопување на темелите на демократијата. И сега ќе ви дадам една куса, бесплатна лекција – за повеќе да се пријавите во надлежниот факултет во Скопје! – за да сфатите колку сте несериозни и неуки. А првиот чекор кон знаењето е човек да сфати дека ништо не знае. Ова мора да сте го чуле, реферирам на мисла на познат грчки од нас неукраден филозоф…

Значи, вака стојат работите:

Според Европската конвенција за човекови права, слободата на јавно изразување може да се ограничи заради заштита на некои општествени вредности (државни интереси, државна тајна, јавниот морал и слично – сите прецизно се назначени), но посебно е нагласено дека ограничувањата на оваа слобода МОРА ДА СЕ ПРОПИШАТ СО ЗАКОНИ. Не е дозволено слободата на јавно изразување да се ограничува поинаку, со владини одлуки, волунтаристички и на друг начин што не е пропишан со закон.

Забрчанец веројатно не знае, но во нашиот правен поредок, со неколку закони веќе е ограничена слободата на јавно изразување – Кривичниот законик тоа го прави во неколку кривични дела (говор на омраза, на пример, е едно од нив), клеветењето и навредувањето е санкционирано со граѓански закон итн.

Никој нема право да ја ограничува слободата на изразување на поинаков начин освен со закон. Нашето општество е пермисивно, а тоа значи дека сė што не е забрането со закон, дозволено е.

Предупредувам дека секоја активност на Акциската група според разбирањето на Забрчанец, секое дејсвтвие кое нема да има подлога во законските ограничувања, може и ќе биде оспорено како противуставно, односно како кршење на членот 16 од Уставот кој забранува цензура.

Им препорачувам на Забрчанец и на неговиот шеф, премиерот Зоран Заев, да си ангажираат сериозен правен ескперт да им ја објасни праксата на Европскиот суд за човекови права, кој суди врз основа на конвенција чиј потписник е и Македонија.

Па потоа, ако инистираат на оваа глупава флоскула, некаде, во некој закон, да го опишат делото “напад врз демократијата” и да го санкционираат.

А министерката Рената Десковска ја замолувам уште утре изутрина на Забрчанец да му објасни што значи правниот принцип “nullum crimen sine lege”.

Доста глупирање!”

https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/2301395156648833

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This