ГЕРОВСКИ НАЈАВИ ДЕКА СДС ЌЕ ИМ ГО ПЕРЕ МОЗОКОТ НА ГРАЃАНИТЕ: За промена на името и сето она што следи, потребно било создавање на предуслови во медиумите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Медиумската перјаница на СДСМ, Бранко Героски, уредник на Слободен печат и главен и одговорен за порталот Плусинфо, преку кои се пласираат повеќето од медиумските нарачки на СДСМ во јавноста, вчера во емисија од телевизијата за која се шпекулира дека е на семејството Заеви порача дека за разговорите за името, но и за сето она што ќе следело во идниот период е потребно создавање на предуслови во медиумите.


„ Ништо од она што ќе следи сега во периодот пред нас, значи реформи, спор за име, разговори за нашите евроатлански аспирации, странски инвеститори, домашни инвеститори, ништо од сето тоа, сите тие општествени промени, длабоки општествени промени што се потребни нема да бидат возможни, ако немаме сериозна медиумска заедница, во смисла на медиуи, новинари, поквалитетни итн. Државата има обврски и можности, тука да помогне пред се низ своите медиуми, односно медиумите кои таа ги финансира, а потоа и врз создавање на предуслови за развој на приватниот сектор во медиумите. “ – рече Героски.

Што всушност планира СДСМ во наредниот период па за тоа да им биде потребен инжинеринг во медиумите, кои според планот на Геро треба да се стават под капа на власта на СДСМ?
Дали планот за поклопување на медиумите под капата на власта е подготовка на теренот за промена на името кое според добро упатени извори Заев и Димитров на големо го заговараат, па за да не им се случува јавен револт сакаат преку контрола врз медиумите да ја оневозможат секоја критика и да оневозможат реално информирање на јавноста, со што очигледно се надеваат дека јавноста полесно ќе ја проголта промената на името.

Каква треба да биде улогата на државата во медиумите според Героски, ако знаеме дека сиот овој период наназад неосновано обвинуваа за наводно мешање на власта во медиумите, за сега да заговара вистинско мешање, но овој пат од страна на неговите СДСМ, за кои има план како целосно под капа да ги стават медиумите во земјава.

Како медиумите би требале да и помогнат на Владата во решавање на спорот за името и „рефомрите“? Дали сите медиуми можеби треба да се однесуваат како Героски и да примаат нараачки од Љубомир Фрчкоски, како што слушнавме од телефонскиот разговор неодамна објавен на интернет помеѓу нив двајцата, каде Фрчкоски дава инструкци на Героски, како и во кој правец треба да се движи уредувачката политика и какви вести треба да се пласираат.

Очигледно до тука била најавата за слобода во медиумите на СДСМ со кои на големо се фалат кај ќе стигнат и ветуваат големи граѓански слободи и слобода на говор. Имено Шекеринска во изјаава од Брисел од пред два дена кажа дека нема да практикува корумпирање на медиумите или пак притисоци врз новинарите. Очигледно едно ветува Шекеринска надвор, а друго практикува внатре во држаавата.

15 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This