ГЕРОВСКИ СЕ ЖАЛИ ДЕКА ГО СТАВИЛЕ НА ЦРНА ЛИСТА: Уредникот на „Слободен печат“ се најде на црната листа на Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот и уредник на порталот близок до власта Плус Инфо, Бранко Геровски жестоко ги критикуваше постапките на власта на СДСМ, односно креирањето на црни листи на оние кои го критикуваат договорот со Грција за промена на името.

– Ако има „д“ од демократија во ова наше општество и ако има „р“ од револуционерна свест за промени во главите на оние луѓе со кои до падот на режимот на Груевски заедно протестирав пред Владата и пред парламентот, мора да надвладее нашата заедничка обврска – да го заштитиме правото на луѓето (а особено на интелектуалците) непречено да го критикуваат Договорот со Грција, вели тој во својата колумна.

Тој забележа дека е мал боројот на луѓе кои отворено го поддржуваат Договорот со Грција како што тоа тој го прави, а ги критикуваше оние кои ги прават црните листи на луѓе кои не го поддржуваат договорите, меѓу кои ги спомена парамедиумите и пропагандата на власта.

– Барам по мрежава и буквално се разочарувам – ретко кој од луѓето што отворено и директно го поддржаа Договорот со Грција, меѓу кои е и мојата маленкост, се бунтува против правењето листи на „поддржувачи“ и „противници“ на Договорот, во парамедиумите на пропагандата на власта, истакна Герговски.

Тој ги нарече овие листи ,,црни сталинистички’’ и покрај фактот што како што вели тој се наоѓа на белата листа. Според Геровски срамно е што воопшто постои такво нешто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This