March 29, 2024, 11:53 am

ГЕРОВСКИ СО ЗАКАНИ ДО ИНФОМАКС: За објавената снимка ќе барал заштита од Оливер Спасовски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уредникот на порталот „Плусинфо“ и весникот „Слободен Печат“ Бранко Геровски денес преку неговиот ФБ профил упати закана до „Инфомакс“ поради снимката на која може да се слушне разговор помеѓу него и Љубомир Фрчковски, како договараат стратегија за манипулирање на јавноста во врска со воведување на албанскиот јазик како втор официјален

Во, неговата закана на ФБ тој се заканува дека ќе барал истрага за тоа од каде е снимката која е објавена на 1 јуни и тоа директно од партискиот министер Оливер Спасовски, по што ќе покренел приватна тужба.

За да му ја олесниме работата на Геровски, снимката е превземена и е оригинално објавена на „ЈуТјуб“ сервисот, на каналот на извесен „Никола Тесла“ со кој ниту порталот, ниту членовите на редакцијата имаат или некогаш имале контакт.

Што се однесува на заканата, истата воопшто не нѐ тангира.

Дополнително, она што можеме да му го порачаме на Геровски е дека во наредниот период, „Инфомакс“ ќе започне со поднесување на серија тужби и иницијативи до Јавното Обвинителство, но и приватни тужби против сопственици, уредници и новинари кои во изминатите три години ширеа лажни лаги и дезинфомации во врска со сопственоста на „Инфомакс“, но и во врска со манипулациите за некаква „странска поврзаност“ на медиумот.

Дополнително, ќе покренеме низа на иницијативи против Геровски и неговите колеги, кои секојдневно објавуваа снимки од нелегално прислушкувани материјали на владини функционери, со што прекршија низа на членови од Кривичниот законик притоа предизвикувајќи несигурност и чувство на страв кај населението.

Освен ова, „Инфомакс“ ќе започне и со постапка против Геровски и сите оние кои во изминатиот период ширеа говор на омраза, ксенофобиja и чувство на несигурност кај граѓаните, но и повиците и заканите по животот на поединци.

18 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This