Геровски: 3aeв се фати за Стojко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не паметам кога последен пат вработените во една државна институција јавно и храбро застанале зад својот шеф, затоа што покажал одговорност, висок морал и личен интегритет, по цена да се збогува со својата функција.

Додуша, не паметам кога последен пат човек на висока функција демонстрирал вакви доблести, па да заслужи таква поддршка. На такви позиции најчесто се поставуваат партиски послушници и безрбетници. Од такви луѓе не може да се очекува да кажат „не”, или, не дај боже, да не кренат слушалка кога премиерот ги бара по телефон.

Стојко Пауновски, директорот на Државниот пазарен инспекторат, покажа таква доблест и стаменост. Тој одби во институцијата со која раководи да прими административци да нишаат врата и да земаат плата само затоа што се од „рамковните” списоци и затоа што така одлучила Владата. И затоа од својата чета инспектори добива силна поддршка, а од јавноста силен аплауз.

Пауновски не е вчерашен и знае дека поддршката и аплаузите нема да ја спречат неговата егзекуција. И токму затоа фасцинира одлучноста со која на дрската и безобразна закана од неговиот „личен пријател” Зоран Заев дека ќе биде разрешен, тој одговара спокојно и непоколебливо – нека ме разрешат!

Богами, денес ретко се слуша вакво нешто. Ретко се среќава човек со ваков интегритет, посебно во околината на Зоран Заев, кој се опкружува со извршители и со аминџии од типот на Љупчо Николовски Путеро, нашиот комичен Берија, кому ќе му припадне „честа” официјално да ја побара главата на Пауновски.

Извор: Плусинфо

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This