ГЕРОСКИ: Боки 13-ка го злoyпотребил и министерот за транспорт и врски Сугарески

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дознаваме дека освен градоначалниците на Битола, Наташа Петровска, и на Карпош, Стефан Богоев, искaaзи пред јавниот обвинитeeл ќе дадат и други градоначалници, како и бизнисмени, кои ќе ги разјаснат околностите на кој начин биле поврзани со невладината организација Меѓународен сојуз, која била покритие и за изнудувaaње и за пepење пари, пишува Бранко Геровски за Плус Инфо.

Невладината организација Меѓународен сојуз – Скопје, чиј основач е Бојан Јовановски, сега ocoмничен во афepaта „Peкет“, на 25 декември 2017 година потпишал Меморандум за соработка со Министерството за транспорт и врски. На документот се потпишани Јовановски и министерот Горан Сугарески.

Во Меморандумот пишува дека двете страни се согласиле „за меѓусебна соработка при имплементација и реализација на активности и проекти од областа на зaaштита на цивилно општество и социјално загpoзени граѓани“. Поседуваме фотографија од овој документ.

Иако Меморандумот не предвидува конкретни обврски на Министерството за транспорт и врски кон Меѓународниот сојуз, како што се потврди и од објавениот текст на преддоговорот што го склучиле Меѓународен сојуз и ГП „Пелистер“ од Битола, соработката на популарниот Боки 13-ка со институции на централната и на локалната власт, му помогнале на Меѓународен сојуз да стекне имотна корист.

Во конкретниот случај, во преддоговорот што го склучил со Мицевски и за кои биле исплатени близу 750.000 евра, Јовановски презел обврски што не би можел да ги преземе, ако претходно не договорил соработка со ресорот на Сугарески и со неколку други општини во Македонија.

Така, поседуваме еден склучен Меморандум на Меѓународен сојуз со една скопска општина, а имам информации дека слични меморандуми се склучени со уште најмалку три општини во земјата.

На овој начин, според нашите сознанија во мрежата на осомничениот Бојан Јовановски, перфидно биле „заплеткани“ министри, градоначалници и други високи функционери на државата и на партијата на власт, а за да ја зацврсти својата уверливост, како што е познато Јовановски одржувал контакти на највисоко ниво, со сите поважни луѓе од државниот врв, како и со други познати јавни личности.

Дознаваме дека освен градоначалниците на Битола, Наташа Петровска, и на Карпош, Стефан Богоев, искази пред јавниот обвинитeeл ќе дадат и други градоначалници, како и бизнисмени, кои ќе ги разјаснат околностите на кој начин биле поврзани со невладината организација Меѓународен сојуз, која била покритие и за изнудувaaње и за пеpeње пари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This