ГЕРОСКИ ОТКРИВА :Војна се води во Владата за стотици илјади евра за референдумска кампања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очигледно е дека во позадината на оваа полемика се води некаква голема битка. За парите од кампањата, претпоставувам, пишува новинарот Бранко Героски.

“Сум слушнал дека во Владата веќе правеле планови како да се распределат парите, при што лавовски дел наводно ќе им припаднел на телевизиите. Се спомнуваат стотици илјади евра. Наводно ќе биде фаворизирана една нова, засега помалку влијателна телевизија, што може да е причина за нервозата на Кировски. Некое залче ќе имало за печатот, а не се знае што ќе било со интернет порталите”, пишува Героски во своја колумна испровоцирана од кавгата меѓу Насер Селмани и Атанас Кировски.
Ме изненади, да не речам дури и ме вџаши полемиката на Фејсбук, меѓу директорот на телевизија Телма, Атанас Кировски и претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Полемиката ја отвори Кировски, со тврдењето дека преку социјални мрежи и интернет се информираат само 15 отсто од граѓаните во Македонија, а огромното мнозинство, 85 отсто (?), преку телевизиите. „Ако продолжи Владата по паметот на Насер и Тамара да не води информативни кампањи за мнозинството граѓани, ќе се тепа за поделба на оние 15 отсто. Тоа е сигурен рецепт за дебакл“, се закани директорот на Телма.

Насер возврати жестоко. „Атанас Кировски, поранешен новинар и директор на Телма телевизија, јавно потврди дека националните телевизии се пропаганден сервис на секоја власт. Денеска ѝ сугерира на Владата да им дале пари за медиумска пропаганда, инаку ќе им пропаднел референдумот. Ова со други зборови се вика медиумски рекет – дајте ни пари ако сакате да ви успее референдумот! А јавниот интерес каде остана?!“, прашува Селмани. Освен тоа, претседателот на ЗНМ го поучува колегата Саки да се информира подобро, бидејќи истражувањата покажуваат дека 54 отсто од граѓаните на дневна основа се информираат од интернет, а 60 отсто од телевизиите.

Очигледно е дека во позадината на оваа полемика се води некаква голема битка. За парите од кампањата, претпоставувам. Сум слушнал дека во Владата веќе правеле планови како да се распределат парите, при што лавовски дел наводно ќе им припаднел на телевизиите. Се спомнуваат стотици илјади евра. Наводно ќе биде фаворизирана една нова, засега помалку влијателна телевизија, што може да е причина за нервозата на Кировски. Некое залче ќе имало за печатот, а не се знае што ќе било со интернет порталите.

Како и да е, детаљите за таа битка не ми се познати, а да бидам искрен – баш и не ме интересираат. Ако Владата не знае како да ги распореди парите за кампањата, богами ни Саки ни Насер нема да ѝ помогнат.

Инаку, обајцата се делумно во право. Саки, на пример, е во право кога тврди дека социјалните медиуми (Фејсбук, Твитер итн) немаат битно влијание врз политичките ставови на луѓето. И јас одамна тврдам дека тој што фрла пари за кампања преку Фејсбук греши, бидејќи избрал еден шумен и несигурен канал за политичка пропаганда.

Но, Насер, пак, е во право кога вели дека покрај телевизиите, интернет медиумите (порталите, сајтовите) стануваат влијателен извор на информации. Не само преку истражувањето на кое упатува претседателот на ЗНМ (од АВМУ), туку и преку други истражувања, Саки навистина би требало подобро да се информира. Има индикатори кои покажуваат дека интернет медиумите веќе се и допрва ќе бидат доминантен сегмент на медиумската индустрија.

Конечно, обајцата го превидуваат и значењето на печатот во Македонија. Да, тиражите на печатените медиуми се неспоредливи со некогашните, но кредибилитетот на сериозните печатени изданија и особено влијанието врз повозрасната публика воопшто не се за потценување.

Како и да е, наспроти моето големо искуство, јас веќе немам намера со никого да се убедувам за овие работи. Инсајдер сум во приказната и знам дека фраериве на власт секако ќе ме сфатат погрешно ако им кажам што и како треба. Одамна сум кренал раце, бидејќи кога станува збор за медиумите, СДСМ традиционално е заглибен во калта на некомпетенцијата. Сдсмовците никогаш немале добри анализи за моќта и за влијанието на медиумите, секогаш се раководеле од личните симпатии на партиските челници и гледам дека и сега ништо битно не е променето. Началници и куртони во режимот на Груевски, началници и куртони и сега. Тоа е, судбина…

Нека си тераат како што мислат дека е најдобро. Јас ионака мислам дека џабе ќе се фрлаат народни пари, бидејќи според моето длабоко убедување, лавовскиот дел од избирачите веќе имаат одлучено дали ќе гласаат и како ќе гласаат на референдумот. Така што, како што пееше Балашевиќ – џаба вам новци моји синовци!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This