ГЕРОСКИ ПОЧНА ДА ФРЛА КЛЕТВИ ПО ЗАЕВ: Г.г. Стефан и Заев го обезличуваат народот – признајте, понизно покајте се и молете му се на Бога народот да ви го прости овој страшен грев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали на Бранко Геровски му се врати совеста или пак станува збор за дистанцирање од анти-државните политики на СДСМ и Заев и не е толку важно, но важно е дека во својата последна колумна тој упати низа на критики кон владата и МПЦ . Геровски жестоко ја критикуваше информацијата која протече во медиумите дека МПЦ-ОА побарала од Вселенската патријаршија да го промени името на црвката. Тој побара од МПЦ одговор кој побарал да се откажат од своето име и на кому служат, а побара и покајание од владиците.


-Барам јасен и недвосмислен одговор од владиците на МПЦ – кој ве натера да се откажете од името македонско? Кој и зошто? И кој ве овласти да направите такво нешто? Народот на кој му служите и кој ве гоштева? Бог лично? Признајте, понизно покајте се и молете му се на Бога народот да ви го прости овој страшен грев, вели тој.
Уредникот на порталот Плус го коментираше и писмото од Заев до Вселенската патријаршија.
,,Премиерот Зоран Заев испратил писмо до Вселенската патријаршија, со молба таа да помогне во признавањето на нашата црква’’, додаде тој.

Имено Геровски отворено го критикува и Зоран Заев кој испратил исто така писмо до Вселенската патријаршија во кое наводно побарал признавање на македонската православна црква. Тој го критикува Заев за повреда на секуларниот карактер на државата и мешање на државата во црковните работи.

-Од една страна, јас навистина не разбирам во кое својство премиерот на една секуларна држава, каква што е Македонија, се обраќа до Вселенската патријаршија и се обидува да посредува во решавање на црковен спор, вели Геровски.

Геровски не верува ни во коинцидецијата на двете писма, едното испратено од Заев и другото испратено од МПЦ и инсинуира дека станува збор за некаква завера во која учествуваат македонските владици како и Заев лично. Неговите инсинуации најверојатно одат во контекст дека промената на името на црквата е дел од договорот за името со Грција.
– Од друга страна, писмото на Заев коинцидира со скандалозното писмено обраќање на МПЦ-ОА, во кое нашата црква се откажува од името „македонска“, во замена за признавање од другите православни цркви, истакна Геровски.

 

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до Вселенската патријаршија, со молба таа да помогне во признавањето на нашата црква, но во писмото тој не побарал МПЦ да го промени своето име. Ова синоќа ми го соопшти Марјан Забрчанец, вториот човек на пи-ар службата на македонскиот премиер. Како важна информација што требало да се знае.

За жал, веста со која задоцнето ме „почести“ младиот Забрчанец, не менува ништо битно. Од една страна, јас навистина не разбирам во кое својство премиерот на една секуларна држава, каква што е Македонија, се обраќа до Вселенската патријаршија и се обидува да посредува во решавање на црковен спор. Од друга страна, писмото на Заев коинцидира со скандалозното писмено обраќање на МПЦ-ОА, во кое нашата црква се откажува од името „македонска“, во замена за признавање од другите православни цркви.

Коинцидира? Баш коинцидира? Можно ли е Заев да не знаел за писмото на МПЦ до Вселенската патријаршија? Не знаел ли за понудата на македонските владици-мрсници да се откажат од името македонско? Да бидам искрен, малку ми е тешко да поверувам во тоа…

Инаку, се извинувам што после ваков невиден скандал, за МПЦ ја употребив придавката „наша“, почитувани читатели. Јас сум атеист, а многумина од вас се верници. Ги почитувам вашите верски чувства, но за мене црква која се откажува од своето име и од својот народ, не може да биде ни „наша“ ни моја, а не е ни црква, туку опасна расколничка организација!

На таа организација јас јавно ѝ фрлам една атеистичка анатема, во мое лично име, а се надевам и во ваше име. И се молам до мојот атеистички бог поголемиот дел од македонските владици сепак да не се согласни со ова антинародно и безбожно писмо, во кое дури и се предлага ново име за расколничката организација – Охридска и на Јустинијана Прима архиепископија! Барам Синодот на МПЦ веднаш да го повлече ова идиотско писмо!

Каков срам е ова, луѓе мои! Да го обезимени и да го обезличи македонскиот народ прва одлучи токму црквата за која цел живот учиме дека е десетвековен чувар на словеномакедонската духовност и идентитет! Таа црква прва реши да нѐ предаде!

Да биде нејзиниот грев поголем, МПЦ се откажува од своето македонско име, а тоа никој и не го бара. Српската православна црква не бара МПЦ-ОА да го смени своето име (веќе е сменето со додавката „Охридска архиепископија“), туку да се врати во канонско единство со СПЦ, што е услов македонската црква да добие автономија. Ни бугарската црква, која македонските владици неочекувано ја прогласија за мајка-црква, да не речам за маќеа-црква, не бара МПЦ да се откаже од своето македонско име.

Па кој тоа го бара, владици-мрсници?

До сега барем, не чувме дека такво нешто е побарано од грчката страна во процесот на решавање на спорот за името (иако инволвирањето на Заев фрла сомнеж за такво нешто). И како воопшто во процесот на решавање на еден меѓудржавен спор, покрај сите непристојни барања на кои сме изложени, некој може да поставува и услови кои се однесуваат на црковни проблеми?

Прашувам уште еднаш и барам јасен и недвосмислен одговор од владиците на МПЦ – кој ве натера да се откажете од името македонско? Кој и зошто? И кој ве овласти да направите такво нешто? Народот на кој му служите и кој ве гоштева? Бог лично?

Признајте, понизно покајте се и молете му се на Бога народот да ви го прости овој страшен грев!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This