ГЕРОСКИ СЕ ЖАЛИ ОД ТАТКОТО НА ЗОРАН ЗАЕВ: Втор пат ми пишува на Фејсбук и веќе ми е непријатно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Таткото на лидерот на СДСМ Зоран Заев, Панче, на социјалните мрежи застана во одбрана на неговите синови но и на градоначалникот на градот Скопје. Овој пат Панче Заев влезе во преписка со Бранко Геровски, кого го нападна за „злонамерност“ поради неговите постови на Фејсбук

Господинот Pance Zaev втор пат коментира под мој пост во оваа Фејсбук група. Втор пат неговиот коментар е под нивото на пристојна комуникација меѓу двајца ФБ пријатели, а да не зборувам за нивото што би требало да го покаже таткото на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Многу ми е нрпијатно. На неговиот прв коментар му одговорив колку што е можно повоздржано и покултурно. На вториов коментар, едноставно, ми е срам да одговарам.
Велам, многу ми е непријатно. Никогаш не сум бил во ситуација да полемизирам со татко, мајка или со некој друг член на семејството на наш политичар, кој на овој начин го брани своето семејство.
Верувам дека г-н Панче Заев е човек во години и од почит кон него и кон семејството Заеви, овој пат нема да одговорам на овој коментар. Не можам да ги спречам другите да коментираат, но јас ќе се воздржам. Ќе чекам некој на г-н Панче Заев нешто да му објасни. – пишува Геровски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This