April 19, 2024, 10:23 pm

ГЕРО ПРИЗНА ДЕКА СЕ ОТПАДОК НА НАДВОРЕШНИОТ ФАКТОР: Откако народот ги отпиша

Поврзано

- Advertisement -
Бранко Героски, уредникот на опозицискиот Плусинфо, во својот најнов текст под насловот „Западот нè отпишуе?“ дробни солзи рони зошто врз сопствената држава не се прави притисок од меѓународната заедница, со цел погазување на вољата на македонските гласачи.

geroski
- Advertisement -

Героски во неговиот текст се води на приказната на Заев дека тој е победник на изборите и прави од себе будала, поголем од Заев. Па очајува зошто нема некој од надвор, кој ќе ја погази изборната воља на 454.577 македонски граѓани кои јасно ја изразија својата воља изразена преку 51 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ, ставајќи ги сите останати гласови од 699.385 граѓани поделени помеѓу 10 партии, како гласови против ВМРО-ДПМНЕ, ова е апсурд над апсурдите, кој очигледно само на човекот кој „на 31 Декември, може да се договори за изборите на 11 Декември“, т.е. Заев може да го разбере.

„Не е исклучено тоа да го почувствуваме токму сега, во постизборниот период, како отсуство на толку неопходниот меѓународен притисок јасно изразената волја на избирачите за промени да резултира со формирање стабилна и реформска влада“, пишува Героски.

Очигледно, но истовремено многу трагично е дека одредена група во Македонија, олицетворена во лицето на СДСМ и структурите на Сорос, неможе да си го замисли секојдневното живеење, без да прашаат некој од надвор што треба да прават со самите себе и сопствената држава. Белград, од синдромот „како ќе каже Белград“, за децата на СКМ, сега се замени со други центри на моќ и конкретни личности од таму. Па така Џорџ Сорос и неговите пипци низ државите каде има свои организации се за нив врховен поглавар и Бог во едно.

„Веќе подолго време од добро упатени луѓе слушам дека водечките западни дипломати во Скопје се оставени без прецизни директиви како да дејствуваат и со одврзани раце да солираат во рамките на своите можности. Ако е така, богами – црно ни се пишува.“ Пишува Героски, очигледно видно вознемирен, што македонците ќе одлучуваат самите за себе, без никој да им се меша однадвор.

Паранојата предизвикана од фактот дека Сорос нема да има повеќе  влијание како што имаше во креирањето на политиките и делувањата на американскиот естаблишмент и другите центри на моќ, за нив е рамно на смрт. Па така во изминатиов период, а дотолку повеќе во периодот што следи, ќе гледаме канонада на очајнички колумни и текстови со разно разни манипулации, како последни знаци на живот на „болниот од Сорос фондацијата“.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This