ГЕРО ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ НЕГОВИОТ СОПСТВЕНИК: Другарот на Заев, Александар Родиќ се бара во Србија за криминал тежок 6 милиони евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Медиумскиот „гуру“ кој во изминатите две години беше главен ПР стратег на Зоран Заев, а потоа и сопственик на Бранко Геровски и весникот „Слободен Печат“ е пред сериозни обвиненија во неговата матична замја, Србија каде што се терети дека тој преку неговите фантомски фирми на име на кредити украл шест милиони евра

 

Александар Родиќ, човекот со кој Зоран Заев прв имаше средба по превземањето на премиерскиот кабинет, е обвинет за кражба на шест милиони евра на име на кредити од Српски банки, за што бил обезбеден и заштитен од претходната владеачка гарнитура во Србија.

Родиќ преку малверзации и погрешно пријавување имот под хипотека, но и преку префрлање на хипотекарниот залог од една во друга фантомска фирма успеал да украде шест милиони евра од комерцијалните банки.

За неговиот криминал, на програмата на телевизија „Пинк“ зборуваше и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој го обвини Родиќ дека откако бил фатен во неговиот криминал започнал со негативна кампања против него и српската влада, со цел да ја уцени владеачката гарнитура во Србија да му ги прости долговите, и да го спаси од затвор.

Кампањата на српски „Курир“ против српскиот претседател Александар Вучиќ трае веќе два месеци, и всушност е обид да се изнуди политичка согласност за невраќање на кредитот на „Развојната банка на Војводина“ и „Металс Банка“, како и неплаќање на даночните обврски. – пишува српски „Пинк“

Компаниите на Родиќ, добиле четири динарски и четири девизни кредити кои биле одобрени од банките во сопственост на АП Војводина. Родиќ, овие кредити ги обезбедувал со залог на недвижност, а за останатите заложувал непостоечки печатарски машини.

Родиќ сепак, по се изгледа дека ќе се спаси во затвор, имајќи во предвид дека во Македонија е близок пријател на Зоран Заев, а за кој има шпекулации дека по примерот на Обрадовиќ добил македонско државјанство по кратка постапка.

Но, доколку Српските институции продолжат со истрагата и кривичниот прогон на Родиќ по се изгледа дека Бранко Геровски ќе го загуби својот сопственик пред лицето на правдата, а со тоа ќе згасне и пропагандниот памфлет на СДС „Слободен Печат“.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This