April 20, 2024, 10:22 am

ГЕЈТС ПРОГОВОРЕ ЗА ЧИПИРАЊЕТО: Фондацијата на милијардерот обезбедува речиси 10 проценти од буџетот на СЗО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основачот на „Мајкрософт“, милијардерот Бил Гејтс, вели дека теориите според кои тој има некаква улога во заговор за глобално чипирање на луѓето се толку глупави што е речиси невозможно да се негираат.

На почетокот на пандемијата на коронавирусот, теориите започнаа да се шират на социјалните мрежи и во медиумите на Интернет за тоа како Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс на некој начин е одговорна за тоа и дека тие се обидуваат да ги чипираат луѓето преку вакцини и со тоа да ги подложат на глобален надзор.

Никогаш не сум се занимавал со микрочипови. „Речиси е невозможно да се негира колку е глупаво и бесмислено“, изјави Гејтс за порталот „Бизнис инсајдер“.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс е втор по големина донатор на Светската здравствена организација во периодот 2018-2019 година и обезбедува речиси 10 проценти од буџетот на СЗО.

Фондацијата финансира истражување од областа на производството на лекови и вакцини.

Светската здравствена организација прогласи пандемија на коронавирусот на 11 март. Според најновите податоци, бројот на пациенти во светот надмина 6,4 милиони, а починале повеќе од 380.000 луѓе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This