Гејтс ќe ги cпpeчyвa климaтcкитe пpoмeни co инвecтициja oд двe милиjapди дoлapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс во следните пет години сака да инвестира вкупно две милијарди долари во проекти и старт-ап компании за спречување на климатските промени.

-Неопходни се иновации за да се спречи климатска катастрофа, рече Гејтс во коментари објавени во денешното издание на германскиот деловен дневен весник „Ханделсблат“.

-Тоа не е невозможно, но би било многу тешко, додаде тој.

Гејтс, исто така, повика на петкратно зголемување на владините инвестиции во истражување на чиста енергија и други иновации во областа на климата на светско ниво во следната деценија.

Претприемачот и филантроп проценува дека ќе бидат потребни истражувања вредни најмалку 110 милијарди долари годишно.

Во својата нова книга „Како да се избегне климатска катастрофа“, Гејтс повика емисиите на јаглерод диоксид (СО2) целосно да се елиминираат до 2050 година во обид да се избегнат огромни еколошки и економски штети.

Гејтс вели дека човештвото треба да ја промени физичката економија со темпо кое досега не е видено. Тој исто така верува дека даноците за СО2, трговијата со сертификати и алтернативните енергии како што се сончевата и ветерот се задолжителни. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This