ГЕЈ-ЛОБИТО ВЛЕЗЕ ВО ПРЕДИЗБОРНА КАМПАЊА: Геј-лобито во интензивна комуникација со СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ не им излегле во пресрет!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

“Гласај за еднаквост” е слоганот на кампањата на организацијата на хомосексуалците “Субверзиран фронт” чија цел е вметнување на еднаквоста на ЛГБТ во предизборната трка.

lgbt

Како што изјави претседателот на организацијата , Антонио Михајлов, македонските хомосексуалци организирале средби со политичките партии на кои нивните претставници одговарале на прашања за застапеноста на гејовите, лезбејките, бисексуалците и транвеститите во предизборните програми на партиите.

Во предизборниот период, хомосексуалците биле во интензивна комуникација со СДСМ, ЛДП, ЛП, ДОМ и Левица, додека од ВМРО-ДПМНЕ не им излегле во пресрет и не одговориле на нивните барања за средба.

– Општиот впечаток е дека политичките партии во многу мала мера посветуваат внимание на прашањата и на проблемите во врска со ЛГБТИ-популацијата. Само во програмите на левоориентираните политички партии се споменуваат овие прашања. Онаму каде што се најмногу застапени, моќта на самите партии е многу мала на политичката сцена. Ова е резултат на хетеропатријархалните норми кои доминираат во македонското општество, а тоа се одразува и кај партиите, кои во страв да не изгубат дел од гласачите или од потенцијалните неопределени гласачи, избираат да не го кренат гласот и јасно да застанат во одбрана на човековите права на ЛГБТИ-лицата – вели Михајлов.

Михајлов додава дека крајната цел им е поголема политичка застапеност на ЛГБТ. На само 6 дена пред изборите хомосексуалците ќе организираат конференција на која ќе ги поканат политичките партии кои соработуваат со нив, на оваа средба тие најавуваат дека ќе лобираат кај партнерските СДСМ, ЛДП, ЛП, ДОМ и Левица да се борат за законски измени кои ќе им донесат поголеми права на ЛГБТ луѓето.

Љ.Златев
Вечер

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This